А што подразбирате под менување на стил? Само нова фризура? За момците плус пуштање брада?
За мене да смениш стил значи сосем поинаку да изгледаш. Да, тука влегува и новата фризура. Но не мора тоа да биде стрикно кратење на косата, може да биде и нова форма или нова боја. Потоа, целосна промена на аутфитот. Нова и поинаква гардероба, дотогаш несвојствена за вас, внесување на нови бои кои дотогаш ретко или воопшто не сте ги носеле, нови аксесоари или ако претходно не сте ги носеле, сега целосно нивно внесување во изгледот, па обувки итн.
Значи, тоа е за мене менување стил. Од еден да преминеш на сосем друг.
А јас тоа досега не сум го сторила, ако не го сметаме она кратење шишки или целосно кратење на косата. Поголеми промени во стилот се уште немам внесено и немам ни намера во скоро време да ги снесам.