По денешната случка, малце размислувава на оваа тема.
Комшии и наши далечни роднини пред неколку години беа угледна фамилија, сите вработени... Синот беше телохранител на еден наш политичар, а мајка му и татко му вработени во државни установи на добри позиции.
Живееа на висока нога. Не знам што се деси, пред година до две изгубија се што имаа, останаа без работа, продадоа се што имаа, дури и едниот спрат од куќата во која живеат сега.
До пред некоја година немаше ни во сон да верувам дека ќе дојде време мене, да ми побара 100 денари на заем за да си стави кредит дечкото од семејството за кое ви кажувам, или фамилијата што беше 10 нивоа финансиски повисоко од нашата, да бара од нас, а и од пола град пари за леб, или да собираат стари штици и било што за огрев да ја поминат зимата...
Ова е само една на кратко, од многуте случки каде парите и нивниот недостаток го убиле достоинството кај човекот.