Колкаво е влијанието на интуицијата врз секојдневниот живот?

X4ert

Нов член
25 август 2013
5
2
3
41
Струмица
Интуиција е претчувство за крајниот исход на ситуациите, кои сѐ уште не завршиле. Сите од самото раѓање располагаме со одреден степен на интуиција и ако знаеме како да ја препознаеме и развиваме, може да ни користи во сите полиња од животот.Ако претчувствувате дека нешто ќе се случи во некоја точка во иднината, значи дека имате интуиција. Во ситуациите во кои сте постапиле правилно, дури и кога не сте биле сигурни што треба да правите, поверојатно е дека одлуката сте ја донеле како резултат на вашата интуиција, а не поради тоа што сте имале среќа.Ако настојувате да станете што е можно посвесни за природата на сите случувања околу вас, ќе развиете и посилно чувство за функционирањето на животот воопшто. На тој начин ќе го избистрите умот и ќе и помогнете на вашата интуиција да ве води до вистинските одговори кои ги барате.
Интуицијата ја носите секаде со вас и таа може да ви помогне во многу различни животни ситуации. Но, понекогаш емоциите и секојдневните работи може да ви ги засенат мислите и да не сте во можност да ја препознаете.
Од друга страна, психијатрите кои располагаат со јака интуиција можат многу почисто да проценат кои се вистинските одлуки кои треба да ги донесете во дадената ситуација, бидејќи тие не се лично инволвирани. Нивниот мозок не е исполнет со лични мисли кои ја блокираат интуицијата. Тие пред сè се професионалци, кои со години ја развивале својата интуиција, за да можат да ги уловат оние нешта, кои обичниот човек не може да ги види.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harmonija

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
Јас сум доста интуитивен и тоа ми е голема предност во животот. Секогаш го слушам внатрешниот глас и му верувам до бескрај. Понекогаш ми го комплицира животот, но добро е кога се добро ќе заврши. Интуицијата припаѓа на потсвеста (сметам, не сум сигурен). Знам дека жените имаат многу посилна интуиција, пример една другарка пред некој ден предпостави дека нешто лошо ќе и се случи кога ќе се враќа дома и навистина имаше мала незгода. Исто така интуиција се јавува пример кога сметаме дека партнерот не изневерува, а тоа кај жените е многу по развиено и некогаш навистина се во право, кај нас мажите обично е лош филм. :rofl
intuition.jpg


chakra-colors.png


Вака се извинувам што се надоврзувам со повеќе постови, но еве нешто интересно... интуицијата ја имаат луѓе со развиено шесто сетило (трето око) чакрата Anja.
ajna2.jpg


И еве кој се најмногу интуитивни хороскопски знаци

tumblr_mr2znakqOU1r3vcx5o1_500.png


Рак, Скорпион, Стрелец и Риби...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Доста добра интуиција имам да не претервам ама понекогаш работите и ги предвидвам. :)