Коледе (Бадник)

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Глеам ги слике на Сарчита и текна ми да ве прашам, дали некој од вас на Бд'њак софру не гу праи на астал
Ми увек доле си наместимо кебенце па такфо чершафче и сфе сервирамо што се вика на земњу : )
Не дека смо некои адетари по дома, да ви кажу прао ич не смо такфи што поштуеф сфакакфи адети али овој ни е останало
Некако тк е посебна вечера и сакамо посебно некако да се разликуе

А за паричку незнам дали сам ви кажуваја. ачи за мои дваес пет шес године, едно седамнаес пут сигурно се падало у мене : )

Ние имаме правено ..тоа оти сме хипици (flower) !!!! Merry Christmas !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Најпрвин навистина се роди :)
Во моето маало никогаш додека сум била помала не сме оделе на коледе а и сега исто, во други делови од градот знам дека одат ама ние на василица одиме :) Едвај чекам да дојде Бадник бидејќи само на тој ден може да се собереме цело семејство и заедно да вечераме.Помала кога бев ми ја местеше баба ми паричката а понекогаш и мајка ми затоа немаше шанси да ме промаши мене и да се падне кај сестрите ;) Кога престанаа местенките памтам еднаш или два пати ми има паднато паричето..
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Навистина се роди:)
На овој ден кај и да си дома да си...секоја година на овој ден вечераме сите собрани,мајка ми и татко ми ја прават најубавата посна пита,најубавото посно гравче, риба ...погачата е малечка ,многу убава и вкусна,ја прави татко ми:D
вечерата не ја раскренуваме се до наредното утро...
(на вратата ставаме бадниково гранче за среќа)
инаку ко мала сум одела на коледе,сум пеела интересно ни било -деца :D
најинтересно ми било да си ги двојам бомбоните и паричките :igra

527358_10151271880733702_1944841262_n.jpg

 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ко мала не сум пеела но ајде да ви ја испеам како голема :D
248766_4937588848756_2089361806_n.jpg


Кај и да сум,на овој ден гледам да сум со фамилијата,ако не на подолго,барем за вечерата.
Под масата си ги ставаме паричниците и едно пиле.
Вечерата е посна.
Пред да вечераме најмалите од семејството одат кон надворешната врата со погачата,баклавата и винце да го повикат дедо Боже да дојде кај нас на вечера.
Откако се седнува да се јаде,дур не се најадат сите никој не смее да стане од маса,затоа гледаме да е се сервирано пред да седнеме да не фали ништо.
Паричката од погачата ја ставаме задолжително во чаша со винце и сите пиеме по една голтка од таа чаша.
Стои во вино неколку дена и после ја вадиме.
На крај на вечерата си честитаме и помалите им бакнуваат рака на повозрасните.
Го сакам овој ден.Еден од ретките кога цела фамилија се собира на софрата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Дали кога сте биле деца и вие сте оделе на коледе?
- Да, да, да. Кај нас на 5ти вечерта се палат огнови и се коледа, па уште од вечерта со другарчињата се договаравме во колку часот утрото ќе тргнеме по куќи да збираме оренчиња и костенчиња :)
На што најмногу се радувавте кога ќе ви ставеа во торбичката?- На мандарини. Тие ми се омиленото овошје во зимa.
За тие постарите,дали можеби вие сте сега тие што им ја отварате вратата на коледарите и им ставате во торбичките?
- Не сум од постарите, но не ретко се случува да треба јас да пречекам коледарчиња. И кога ќе им отворам врата ги терам уште еднаш да ми ја испеат коледарската песна пред да им ставам нешто во торбичките.
Какви се обичаите во вашиот крај? Можеби имате некоја друга поразлична песничка?
- Сега слушам децава пеат некои песнички што ги учат на часови по музичко, ние порано ја пеевме следнава:​

Коледица, Варварица​
и по неа Василица,​
еднаш ни е во година​
како цвеќе во градина.​
Коледееееееееее! :D
Дали едвај чекате за Бадник, да седнете на вечера и да се скрши погачата со паричка?- Кај нас дома лепче со паричка се врти на Василица. Порано вртевме и на двата празника затоа што мене ми беше мерак, ама сега само за Василица.
Ви ја местеа ли паричката кога бевте мали за да не плачете?:D
- Да, не знам како им успеваше тоа. Ама еднаш ги сетив дека ја местат и тогаш им се налутив многу и им реков: „Не сум јас мала за да ми местите паричка“. Од таа година престанаа тие лаги :D
Како реагиравте ако се паднеше кај братчето или сестричето?- Немам јас ни брат ни сестра, но памтам дека еднаш кога паричката се падна кај татко ми му реков дека го зел моето парче :giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati and Anakin

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
И јас одев на коледе кога бев мала, се сеќавам еднаш со брачеда ми си тргнавме од една куќа, во друга, трета... и до 11-12 на пладне шетавме. (facepalm)
Паричката кај нас никогаш не се местела, најчесто кај мајка ми или кај брат ми се паѓа. Мене досега ако добро памтам само два пати ми се има паднато, еднаш беше тогаш последната година кога се користеа марки, памтам дека мајка ми имаше една марка ставено (и одма го загубив паричето (facepalm)), и другиот пат беше во 2010, и ми беше една од најлошите години... Затоа и ми е сеедно кај кого ќе се падне.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ночной охотник

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
ААААА па ние ја раскреваме масата
сега прв пат читам дека требало да се остави цела ноќ.. :frantic
Најубаво ми е за бадник инаку, тогаш се што има на масата ми е вкусно, и јадеме дури се може и не се може..
А обично на крајот и не се може..
А за коледе како мала едвај чекав да дојде, уште пред три дена одевме да собираме дрва, па дента уште рано ќе го запалевме огинот и цело време пеевме песни..После цела ноќ око не склопував за да одам на коледе сабајлето и немој по грешка да се успијам.. :D
а и многу јаки песни пеевме... ај да запишам некоја, ама цензурирани ќе бидат оти ептен се безобразни

Матен Вардат дотече
кош ку..еви довлече
и рипчиња преснии
со пи..иња тесни


Види оган греј се
види пи..ка смеј се
види к.. бегаааај
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Foxboro

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Еден пагански празник станал христијански!!!!
ЗИМАТА 2004 год., за време на божиќните празници, во Италија се водеше вжештена расправа. Некои наставници и други вработени во школството сметаа дека треба да се сведе на минимум, па дури и сосема да се забрани секакво спомнување на верски божиќни обичаи. Ова го велеа од почит кон сѐ поголемиот број ученици што не се ниту католици ниту протестанти. Меѓутоа, други просветни работници и лица од различни професии бараа овие обичаи да се почитуваат и да се држат.А од каде потекнуваат многу божиќни обичаи? Додека расправата стануваше сѐ повжештена, во ватиканскиот весник L’Osservatore Romano беа изнесени некои интересни факти поврзани со потеклото на многу божиќни обичаи.
Во врска со датумот на прославувањето на Божиќ, во овој католички весник пишуваше: „Точниот датум на Исусовото раѓање, од историска гледна точка, не може прецизно да се одреди ни од римската историја, ни од пописот што го заповедал царот во тоа време, ни од истражувањата во вековите што следеле... Датумот 25 декември, како што е добро познато, го избрала Римската црква во четвртиот век. Во паганскиот Рим овој ден му бил посветен на богот на Сонцето... Иако христијанството веќе било официјално признато во Рим со еден едикт што го издал цар Константин, митот за... богот на Сонцето сѐ уште бил раширен, особено меѓу војниците. Претходно споменатите прослави, кои се одржувале на 25 декември, биле длабоко вкоренети во народната традиција. Ова ѝ дало идеја на Римската црква да му припише христијанско религиозно значење на овој ден, при што богот на Сонцето би се заменил со вистинското Сонце на правдата, Исус Христос. Така го избрала тој датум како ден на кој ќе се слави неговото раѓање“.
А што е со елката, која денес е дел од католичките божиќни обичаи?
Во истата статија беше истакнато дека во старо време се сметало дека многу зимзелени дрвја, како што се „зелениката, бодилката, ловорот и гранките од бор или од елка, имаат магична или лековита моќ да штитат од болести“. Во статијата понатаму стоеше: „На Бадник, 24 декември, во спомен на Адам и Ева се прикажувала една многу популарна сцена со дрвото што се наоѓало во земниот рај... Дрвото требало да биде јаболкница, но бидејќи на зима не одговара да се користи јаболкница, на подиумот се поставувала елка на чии гранки се ставале јаболка или, за да се претстави идното доаѓање на Спасението, се ставало нафора... за да се изврши Причесна, како и бонбони и подароци за децата“. А откако ќе поминел Божиќ?
Спомнувајќи дека обичајот да се користи божиќна елка најнапред започнал во Германија во 16 век, L’Osservatore Romano забележува: „Италија била една од последните земји што ја прифатиле божиќната елка, што донекаде се должи на прилично раширените гласини дека употребата на елка бил протестантски обичај, па затоа требало да се замени со јасли [приказ на Христовото раѓање]“. Папата Павле VI „го започнал обичајот да се поставува огромна божиќна елка“ на плоштадот Св. Петар во Рим, во близина на местото каде што било прикажано Христовото раѓање.
Дали сметаш дека е во ред еден верски водач да им припише христијанско значење на настани и симболи што влечат корени од древното паганство?