Ајде еве ти едно рефератче кога веќе дискутираме за кланови.
Мариче, клан е претежок збор за еден форум.
А и онака првенствено означувал групација на луѓе со заеднички предок.
Сега што му е употребата популаризирана со појавата на социјалниве, модерни кланови, е друго. Мање битно.
Сфати го тоа ко хм...групација на истомисленици.
И надвор имаш луѓе со слични мислења и интереси, па тие луѓе се викаат пријатели. Никој не гледаш нив да ги нарекува „Клан“ само затоа што имаат различни мислења од него.
Тука се работи за друго. Знам дека ти се однесува ова на нас, да не набројувам кои, и ако воопшто ти значи нешто, ќе ти кажам дека ама баш ништо немаме против тебе лично.
Форумски лик си ко и сите. Е сега, имаш повеќе привилегии од нас кои не ги користиш правилно.
Некои не се замараат со тоа, на некои им пречи. Некои не се осудуваат да искритикуваат за да не настане тензија, други се послободни и даваат своја забелешка за доброто на цела форумска заедница.
Никој сигурно не се договара преку пораки: Е ај сега овој ќе го нападнеме, види, ни смета.
Доволно е само еден да почне и истомислениците добиваат поголема храброст да се активираат. Тука настанува она што ти го ословуваш како „клан“, иако нема врска со тоа.
Никој не гледаш Лејди Блу да ја критикува, или Сара и овие понеутралниве, значи не е финтата да седне човек и да јаде трици на празно за некого само затоа што е на функција или нешто.
Не сме те избрале сите по договор, туку индивидуално сме ти ги увиделе грешките и сме ги посочиле.
Дури сме на форумов, пробуваме да укажеме некоја грешка што треба да биде исправена и е во склоп на форумските правила. Штом се одлогираме од форумов, толку е. Нит те збориме и мислиме во приватен живот, ниту пак те сонуваме.
Затоа престани да го сфаќаш ова ко лична навреда кон тебе, туку сфати го ко конструктивна критика кон твоето модераторство и пробај да смениш нешто.
Верувам дека ако малку не` послушаш, утре нема да ни биде проблем и за најдобар модератор да те пишеме.
Не сме човекојадци, имаме разбирање.