Би сакала да прашам дали има некој слично искуство како моево, дали знае за што станува збор. Неколку пати со ред наоѓам мали бубачиња, нешто поголеми од вошките. Многу силно касаат и оставаат големи пликови (прво се бели, па се вцрвуваат). Кога ќе ги убијам многу силно и лошо мирисаат. Ги наоѓам на мојот кревет, а патем во мојата соба таванот е со ламперија.Мајка ми претпоставува дека се од ламперијата. Излегуваат на пролет и преку лето. Дали некој знае за што станува збор, што да превземам. Ви благодарам