Самиот наслов си кажува се.
Ако има слична тема нека спојуваат модераторите.
Секојдневно се наоѓаме во ситуација да донесуваме одлуки кои понатаму влијаат на нашиот живот.
Колку една одлука може да ве поколеба?
Некој потешко, некој полесно донесува одлуки.
Има луѓе кој секојдневно се приморани да донесуваат одлуки кои што ќе влијаат на други (на пример на работно место).
Дали лесно донесувате одлуки или пак ви е потребно време?
Мене лично на работа ми се случувало да морам да донесам одлука во моментот и сум немала време да размислам дали е исправна или не.
Одлука која што подоцна можела да се одрази на моето работење и на работењето на другите.
Сум се водела по инстинкт.
Фала богу досега не ми се одразила негативно, ама пак никогаш не се знае.
Затоа секогаш сум стоела позади тоа што ќе го направам или кажам.
Колку вие сте сигурни во вашите одлуки?
Дали ги зимате во обзир надворешните влијанија?
Не сум колеблив воопшто.Колку и да го изедам за тоа што сум донел погрешна одлука, повторно брзо донесувам одлуки.Едноставно, немам многу време за да размислувам за секоја моја одлука.Да траеше еден час 120 минути можеби би имал.Но со вакво брзо темпо на живот горе долу задоволен сум со тие одлуки што сум ги донел.
Најповеќе како и што самата спомна за работно место носам нај најбрзи одлуки.Лошата страна во тие мои брзи одлуки е што сум тврдоглав и што не ни се трудам да сослушам друго мислење, камоли друго решение на проблемот/ситуацијата.
Инстинктот многу пати ме излажал и скапо сум го плаќал.Имало и прилично многу одлуки кои се одразиле негативно и ме чинеле многу.
Исто и јас.Секогаш сум стоел позади тоа што ќе го направам/одлучам па макар и било погрешно
