Каде бевте излезени последно?

Ice_Man

Староседелец
16 февруари 2012
440
236
1,053
што бре сите онлине ,нели излегувате ,,,ја сум мал мене до 23 30 ме пуштаат :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Вчерашното излегување мислам дека далекусежно ги надминува сите дискотеки и кафани досега :).
Да гушкаш мало човече пониско една глава од тебе, но големо во душа пред глутница кучиња и уво да не ви чуе, да седите на клупи во 2 сабајле и да се кезите како улави, пазејќи да не јадете саксија или јајца од некоја околна зграда додека зборите за банџи џампинг и ја сликаш со мобилен додека ти праи фаци у стилот "леле шминката не ми е добра" а од сјајот на очите и се гледа дека целата блеска, нема поубаво чувство.
Ниедна арома на вино или поскап коњак не може да го замени мирисот на нејзината коса, додека седи кај мене во скут облечени не во сукња или кошула, туку во тренерки и маалски патики :sreken