Исчезнување на Маите

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Можно е исчезнувањето на напредната мајанска цивилизација да е поврзано со постојаните суши што го зафаќале подрачјето на полуостровот Јукатан.

Објавено е уште едно можно објаснување за исчезнувањето на цивилизацијата на Маите. Научниците од Универзитетот “Саутхемптон“ во Велика Британија и од Јукатан центарот за научни истражувања во Мексико во магазинот “Наука“ објавиле студија според која мајанската цивилизација исчезнала заради сушите.

“Резултатите од нашата студија покажуваат дека недостатокот на дожд меѓу 800-тата и 950-тата година, што е период од цутот на оваа цивилизација до нејзиното распаѓање, довело до истребување на Маите. Тоа биле релативно умерени суши, но очигледно доволни за исчезнување на Маите“, рекол професорот Елко Ролинг од британскиот универзитет.

Научниците повеќе од еден век се обидуваа да го разберат исчезнувањето на мајанската цивилизација и претежно тоа го поврзувале со климатските промени и недостатокот на дожд.

“Летото било главно годишно време за Маите. Тие на лето го обработувале земјиштето и собирале вода“, објаснува професорот Ролинг. Имајќи предвид дека меѓу 800-тата и 950-тата година биле забележани значително поретки врнежи, резервите на храна и вода се намалувале, што довело до постепено исчезнување на целата цивилизација.
Што мислите вие, како и зошто исчезнале Маите?
 
Последна промена од модератор:

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Јас мислам дека тие не исчезнале, туку се отидени на друг остров од некои нивни причини... а и имам читано дека некое племе во Америка, вели дека маите биле нивните предци...
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
еден народ особено паметен како маите не можи да исчезни така лесно, најверојатно се имаат прселено и припоено кон некој друг народ...