Ох мајко мила. Ајде, ок.
Болд 1: Кое паушално изнесување на податоци, имаш научни ДОКАЗИ дека децата кои се производ на инцест се повеќе од 50% родени со физички или ментални аномалии. Цистичната фиброза, српестата анемија, албинизам се само неколку болести кои се силно корелирани со инцест, исто така голем е бројот на мртвородени или родени со нарушувања на имун систем. За срцеви аномалии (кои се едни од најстрашните за секое дете) има позитивна корелација. Значи ти е штетен директно од родител на дете.
Болд 2: Инцестот не значи дека облигатно ќе даде реперкусии одма врз детето од родителите, но кога имаш еден ист, односно сличен генетски материјал и немаш мешање на гени, се случуваат подоцнежни последици. Се губи генетската варијација, а со самото тоа настануваат цело време нови проблеми, односно излегуваат нови болести. Значи ти е штетен и за идните генерации што ќе излезат од тоа дете кое е плод на инцест.
Болд 3: Не, не е лесно да се каже има истражување и тоа е аргумент, туку тоа е ТАКА. Затоа што за да се дојде до тие аргументи, you've guessed it, треба истражувања. Кои се направени. Низ огромен број на години уназад. Значи имало проучување на тие деца, на геномот, илјадници и илјадници часа посветени на науката и дојдено е до заклучок, кој ти сакала да го признаеш или не, е вистинит. Можеме до утре да се расправаме за религија и за Адам и за Ева, зошто тоа не е докажано, ама за места каде имаш директно, научно докажување дека нештото е така, нема дискусија. Има само факт.
И се дури генетскиот материјал го пишуваш ѓенетски материјал, немој да ми правиш муабет за истиот, те молам.
Те гледам нешто збунета си, отвори книга по биологија, разлистај, ќе ти станат многу работи појасни. Толку од мене, стварно немам намера да објаснувам нешто кое го објасниле милион пати постручни од мене, ниту па да се расправам зошто инцестот е погрешен on so many levels.