Овде можете да постирате новости и информации околу мобилната технологија. Еве за почеток една од мене, може и некои не ја знаат. Не е многу нова информација, но убаво е да се знае:
Samsung го надмина Apple во продажбата на паметни телефони
Samsung го надмина Apple во продажбата на паметни телефони, факт кој се должи на големата популарност на Galaxy серијата смартфони.
Во периодот од Јули до Септември Samsung има испорачано 28 милиони паметни телефони, бројка поголема за четири пати од истиот период минатата година. Apple објави дека во истиот период има продадено 17 милиони смартфон уреди (со 14% зголемување на продажбата). Сега уделот на Samsung наспроти Apple изнеснува 23.8% наспроти 17% соодветно.
Samsung Galaxy S II е најдобар телефон за 2011
Главните награди во најважните категории, најдобар произведувач и најдобар паметен телефон, и припаднаа на корејската компанија Samsung, која имаше навистина успешна година благодарение на своите одлични производи, Galaxy S II, Galaxy Tab и Galaxy Note.Samsung Galaxy S II е прогласен за најдобар паметен телефон за 2011, победувајќи го ултра популарниот iPhone 4S кој не успеа да му се приклучи на својот претходник iPhone 4. Според жирито на MWC, Galaxy S II имаше феноменален успех низ целиот свет, надминувајќи ги сите останати Android уреди и покажувајќи зрелост во екосистемот.
Samsung неодамна објави дека до сега се продадени 20 милиони Galaxy S II уреди, додека во 2011 има продадено над 97 милиони паметни телефони, надимнувајќи ја Nokia.
Lumia 800 и Lumia 710 се првите телефони на Nokia кои работат на Windows Phone 7 оперативен систем, кој финската компанија го прифати како примарна платформа за своите идни уреди по влегувањето во соработка со Microsoft.