Инфо и новости околу мобилната технологија | Црнобело Форум

Инфо и новости околу мобилната технологија

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,347
113
Софија
Овде можете да постирате новости и информации околу мобилната технологија. Еве за почеток една од мене, може и некои не ја знаат. Не е многу нова информација, но убаво е да се знае:

Samsung го надмина Apple во продажбата на паметни телефони

Samsung го надмина Apple во продажбата на паметни телефони, факт кој се должи на големата популарност на Galaxy серијата смартфони.
Во периодот од Јули до Септември Samsung има испорачано 28 милиони паметни телефони, бројка поголема за четири пати од истиот период минатата година. Apple објави дека во истиот период има продадено 17 милиони смартфон уреди (со 14% зголемување на продажбата). Сега уделот на Samsung наспроти Apple изнеснува 23.8% наспроти 17% соодветно.

Samsung Galaxy S II е најдобар телефон за 2011

Главните награди во најважните категории, најдобар произведувач и најдобар паметен телефон, и припаднаа на корејската компанија Samsung, која имаше навистина успешна година благодарение на своите одлични производи, Galaxy S II, Galaxy Tab и Galaxy Note.Samsung Galaxy S II е прогласен за најдобар паметен телефон за 2011, победувајќи го ултра популарниот iPhone 4S кој не успеа да му се приклучи на својот претходник iPhone 4. Според жирито на MWC, Galaxy S II имаше феноменален успех низ целиот свет, надминувајќи ги сите останати Android уреди и покажувајќи зрелост во екосистемот.
Samsung неодамна објави дека до сега се продадени 20 милиони Galaxy S II уреди, додека во 2011 има продадено над 97 милиони паметни телефони, надимнувајќи ја Nokia.

Lumia 800 и Lumia 710 се првите телефони на Nokia кои работат на Windows Phone 7 оперативен систем, кој финската компанија го прифати како примарна платформа за своите идни уреди по влегувањето во соработка со Microsoft.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,347
113
Софија
Sony отпушта 10,000 работници

Изгледа дека на јапонскиот производител не му оди баш најдобро во последно време, а тоа го покажува и фактот дека компанијата отпушта 10,000 работници.
Првичните информации говорат дека технолошката компанија се одлучила на ваков чекор за да прекине четвртта финансиска година во загуба.
Според извештајот за новинарите, укинувањето на 5000 работни места ќе бидат резултат на реорганизацијата на бизнисот со хемикалии и панели на Sony.
Исто така, директорот на компанијата изјави дека лицата на раководни места нема да добијат какви било бонуси, откако компанијата пријави загуба за изминатата година од 3,2 милијарди долари.
Со ова, Sony и се приклучува на Nokia во намалувањето на работната сила, со цел да се подобри истата, како и оптимизирање на условите за работа.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,347
113
Софија
Новиот A5X процесор и кај новиот iPhone

Apple наводно го тестира „куќиштето“ на iPhone 4/4S за тестирање на перформансите на A5X процесорот кој ќе се најде во новиот iPhone.
Да потсетиме дека A5X се најде во новиот iPad 3 и претставува надградба на A5 процесорот кој се наоѓа во iPhone 4S. Значи новиот iPhone ќе го има истиот процесор од iPad 3, но со намалени графички перформанси, бидејќи на новиот iPhone нема да му треба толку голема густина на пиксели.
Покрај процесорот, и RAM меморијата ќе се зголеми на 1GB.
Apple, исто така, подготвува и освежување на постарите уреди како iPod touch. Ова го докажува и внатрешен извор кој вели дека iPod touch од верзија 4, 1 ќе биде надграден во верзија 5, 1.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,347
113
Софија
Nokia 808 PureView, новиот смартфон на Nokia познат по својата камера од неверојатни 41 мегапиксели се очекува да пристигне ве понудите во мај.
Тој веќе дебитираше во понудите за порачка во Италија и тоа со цена од 600 евра, што не би требало да има значителна разлика и кај нас, но останува да видиме.
За потсетува, овој телефон ја доби награда за најдобар нов телефон, при што негов најсилен адут е новата камера од 41 мегапиксел. Несомнено и кај нас ќе има многу заинтересирани за него.

808_080412_193502.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Loner

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,347
113
Софија
  1. Првиот мобилен телефон е лансиран во 1973 од Моторола, а првиот комерцијален мобилен телефон се нашол на пазарот во 1982 год, а бил тежок 5 кг
  2. Првата смс порака била напишана во 1992 година
  3. Во светот моментално се користат околу 3 милијари мобилни телефони, или на секои два житела по еден телефон
  4. Околу 50% од луѓето праќаат најмалку по една смс порака дневно
  5. Повеќе од 2/3 од луѓето, го користат мобилниот телефон како батериска ламба
  6. Кога станува збор за долги телефонски разговори, се разбира жените се далеку пред мажите
  7. Повеќе од 1000 мобилни телефони се активираат секоја минута
  8. Во 2008 година приходите од мобилна телефонија остварено во САД достигнале 1 трилион долари
  9. 20% од приходот им припаѓа на смс пораките
Не да се далеку..... :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aaliyah

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,347
113
Софија
Досегашното место на кое се содржеа сите апликации за платформата на Windоws, наместо Mаrketplace, ќе се вика Windоws Phone Store. Microsoft се реши за ребрендирање на онлајн продавницата за апликации, со цел да стане попрепознатлива, по примерот на останатите конкуренти.
во игра е уште еден назив за онлајн продавницата на апликации, а тоа е Windows Phone Mаrketplace. Официјалниот портпарол на Microsoft ниту ги демантирал, ниту ги потврдил ваквите наводи за медиумите, но спред многумина, промената на името ќе се случи, а ова е можеби само еден мал маркетиншки трик или пробен балон за да се види како ќе реагира јавноста.
 

Илариа

Полноправен Член
22 декември 2012
30
41
18
Ете и тоа се случи, после седум години Panasonic го покажа својот мобилен телефон кој е наменет за меѓународен пазар. Работи на Android исклучително е тенок и отпорен е на прашина и вода.


Долгоочекуваниот телефон е наречен ELUGA (Elegant User-Oriented Gateway), само 7,8 мм е дебел и тежок 103 грама. Има посебен читач на картички кои работата на принцип на доближување до него, а истите можат да бидат оние кои се користат во јавниот транспортен систем, потоа во некои системи за е-пари, а има и посебни од Panasonic кои што може да служат за брзо и едноставно да се нагоди некоја функција или да се смени профилот на телефонот. Ианку компанијата во декември најави дека повторно ќе влезе на меѓународниот пазар за мобилна технологија со цел да продаде девет милиони паметни телефони во фискалната година која се завршува на 31 март 2016 година. Оваа компанија го напушти пазарот во 2005 година поради слабата продажба но сега најверојатно гледа прилика да се врати на брзорестечкиот пазар за паметни мобилни телефони.


Овој јапонски гигант и неговите домашни конкуренти сакаат да го намалат притисокот на заситениот локален пазар на кој се изложени ефтините кинески произведувачи и големите ривали како Apple и Samsung.


Инаку телефонот на Panasonic има камера од 8 мегапикесли, двојадрен процесор на 1 GHz, 1GB работна меморија и подршка за GPS. Тука е и OLED екранот чувствителен на допир чија дијагонала изнесува 10,9 см. Со едно полнење на батеријата може да се има четири часа непрекинат разговор. Користо Android оперативен систем верзија 2.3.5 а во јуни ќе може да се надогради и на верзијата 4.0. На европскиот пазар ќе се појави во април а цената засега не е позната.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Azda

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
88
ЗГАСНУВА БРЕНДОТ МОТОРОЛА

Моторола, брендот кој го измисли мобилниот телефон и ја донесе легендарната „Моторола цигла“ ќе прекине да постои, пишува Гардијан.

Откако брендот беше купен од кинески Леново во јануари 2014-та, Моторола имаше успех во последните две години. Го лансираше Мото Г што му помогна на брендот да постигне раст во продажбата на пазарот од -0% до 6% во Британија.

Смартфонот Мото Г го оживеа брендот, откако Моторола произведе повеќе од 10 милиони паметни телефони во третиот квартал од 2014 година, што е за 118% повеќе.

Но сега Леново објави дека ќе го згасне пионерското име на мобилни телефони. Ќе биде задржано само името Мото, делот од продуктот на Моторола кој привлече најмногу внимание во последните години, додека смартфоните на Мото ќе бидат брендирани под Леново
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and existence

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
88
Нова мобилна мрежа на оне.Вип за Куманово, Крива Паланка и Кратово, следува Скопје
По спојувањето на двете компании операторот оне.Вип кон крајот на минатата година почна со изградба на нова мобилна мрежа, што ќе се спроведува етапно, по региони. Како што информираат од компанијата, во првиот регион, кој ги вклучува Куманово, Крива Паланка и Кратово, мрежата е успешно имплементирана.


По правното спојување, оне.Вип започна неколку обемни проекти чија реализација ќе донесе уште поголеми придобивки за сите групи корисници. Целта на новата мобилна мрежа е да обезбеди за сите корисници на оне.Вип, значително поголем капацитет за користење на 3Г-технологијата, покриеност на целата територија на земјата и достапност на 4Г ЛТЕ низ цела Македонија и сето тоа за да обезбеди најдобро корисничко искуство и да ги обезбеди најновите светски технолошки достигнувања во мобилниот сегмент.

- Со спојувањето во нов ентитет, оне.Вип, создадовме компанија со поголем инвестициски капацитет и се обврзавме да ги воведеме најновите технологии во земјата, уште поквалитетни и нови иновативни услуги базирани на најмодерни мрежи и технологии. Денеска со гордост ги објавуваме првите резултати постигнати со инвестицијата што ја почнавме за изградба на нова мобилна мрежа, што е значајно подобрување во регионот на Куманово, Крива Паланка и Кратово. Процесот е комплексен и е воден паралелно со тековните дневни активности, но и нови проекти на компанијата предвидени за наредната година. Една година од сега ние ќе бидеме навистина најдобриот избор во комуникациите за нашите корисници, изјави Никола Љушев, извршен директор на оне.Вип.

Источниот дел на земјата, вклучувајќи го и Куманово е прв регион каде имплементацијата на новата мрежа е успешно спроведена. Во моментот тимовите работат на изградба на нова мрежа во Скопскиот регион и на крајот на годината ќе заврши во сите урбани делови во Македонија. Корисниците ќе почувствуваат значително подобрување со покриеност на мрежата - 3Г и 4Г ќе бидат достапни насекаде, а значителни подобрувања ќе се почувствуваат и во квалитетот на сервисите: подобра брзина, уште помалку падови во разговорите, и уште побрзо воспоставување на повиците.

Според Адријан Јежина, технички директор на оне.Вип резултатите од новата мрежа во првиот регион се видливи. Кај вип тарифните модели има за 30% зголемено користење на 3Г податочниот сообраќај, а кај 4ГЛТЕ за 270%. Кај Оне тарифните модели порастот е 70% кај 3Г УМТС сообраќајот.

Компанијата активно работи и во подобрување на сите свои други услуги.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape