Инфлацијата и економските (не)мерки

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Во право се со она мемено 'Не сакам веќе да бидам дел од историски случувања'.
После две години Ковид, следи војна со големи последици за сите.
Цените на основните продукти де се до небо, па се замрзнати, па еве сега без ДДВ... што е следно?
Зимово памтам имаше и некој обид да се „помогне“ на загрозените семејства со неверојатни 800 денари помош за струја, за кои требаше да носат документи заверени од нотар (што ќе ги чинат колку „помошта“) и тоа ми беше невидена мизерија од страна на државата (а ќе речеш не може да оди подолу). Не знам дали ги сменија условите или дали воопшто го прогураа тоа до крај, ама факт е дека се наоѓаме во многу, многу неповолна економска состојба.
Оно ко да некогаш сме биле во завидна, ама мини утеха е што цел свет е во загуба во моментов.
Па, постојат ли некакви мерки со кои може да се помогне на овој народ или отидено е веќе во неповрат?
Што ние можеме да направиме за да си помогнеме самите себеси? (освен да крадеме)

Имам многу да кажам, ама не можам да си ги соберам мисливе во еден вовед.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Нешто не е во ред, не се цените скокнати ради војната, пак во позадина се некои махинации и срања, не може нафта да скокне три пати кога побарувачка е иста како и кога била три пати поефтина, веројатно е последица на се поголемото влијание на корпоративните пари пошто со т.н. пандемија ги искинаа малите и средни фирми.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Па нели изеде КАМ казна од 12к евра што криеле производи (да се само они) и со тоа се створи хаос и паника по продавници за основни продукти пошто народ мислеше ќе нема што да јаде.
Цел свет си оди по таа шема. Така беше пред 2 години за брашно и тоалетна, сега за зејтин, брашно и бензин.
Нормално е некое помало покачување ајде, покрај сите овие дешавки, секако дека ќе се намалат средства и работници, ама вака си се ствара вештачка криза што им дава за право да си качуваат цени до недоглед.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
По било каква основна економска логика би требало да поефтинуваат цени пошто се намалуваше економска активност со пандемија, исто и сега со руската агресија во Украјина, нови и нови начини да се направи вештачки недостиг,
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Моиве пред некој ден ме испратија со „Ај ако начекаш некој зејтин во продавница, земи.“
Мислам, ги сфаќам пошто по рафтови стварно нема ствари ко да е крај на свет и залихите се истрошени т.е. веќе се води борба за опстанок. На постарите генерации, каде на ТВ и радио им се кажувало што да прават, толку им треба за да одат и да се разграбуваат по маркети. Свашта...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider