НЕКОЛКУ ФАКТИ ЗА ПЕНИСОТ
Пенисот мисли со своја глава
Несаканата ерекција на плажа е сценарио кое го искусиле многу мажи. Оваа и многу други непријатни ситуации во коишто пенисот ја диктира играта и Ве посрамотува немаат никаква врска со Вашата волја. На пенисот делува нервниот систем којшто исто така го регулира крвниот притисок и отчукувањата на срцето. Прифатете го фактот дека со пенисот не можете да управувате како што сакате. Не се работи за рака или нога.
Сексуалното возбудување вообичаено не се случува намерно. И импулсите од мозокот кои телото ги добива за време на РЕМ сонот, исто така можат да предизвикат ерекција. Освен оваа нуспојава, пенисот може и да се смали. Под влијание на ладна вода пенисот ќе се собере, па на плажа може да изгледате како во гаќите да немате ништо.
Пенисот во ерекција расте од половина сантиметар до девет сантиметри
Мажите се многу чувствителни на прашањето за должината, а колку опуштениот пенис ќе порасне при ерекција, тешко е да се заклучи. Некои пениси можат да нараснат и до девет сантиметри, има и такви кои ќе се зголемат за помалку од еден сантиметар. Не е баш најпаметно да се проценува големината врз основа на изгледот на опуштениот орган. Оние кои изгледаат големи на прв поглед, во ерекција би можеле да Ве разочараат, додека „минијатурните“ може да пораснат до импозантни величини.
Сексуалниот истражувач Алфред Кинси, открил дека помалите пениси имаат тенденција да пораснат многу повеќе отколку оние коишто се големи во опуштена состојба.
Пенисот има облик на бумеранг
Како што не ги гледаме корените на дрвјата, така не се гледа ни коренот на машкиот полов орган кој продолжува длабоко во телото. Француските истражувачи снимале маж и жена за време на сексуален однос во кабина за магнетна резонанца и откриле дека обликот на пенисот не е ниту малку сличен на она што досега се претпоставувало. Пенисот е закривен, токму како бумеранг.
Пенисот може да се скрши
Иако нема коски, пенисот може да се скрши. Фрактурата на пенисот не е воопшто безболна и лесна, а при кршењето ќе слушнете и звук кој болно ќе Ве предупреди дека пенисот пукнал. По кршењето, пенисот ќе помодри и ќе трпите силна болка. За среќа, ваквите инциденти се ретки и почесто им се случуваат на млади мажи кои имаат цврста ерекција.
Во светот, поголем број пениси се необрежани
Светската здравствена организација (СЗО) во соработка со Обединетите нации, односно со Програмата за спречување на ХИВ, открила дека само 30% од мажите на возраст над 15 години се обрежани. Колку обрежани мажи има во секоја држава зависи од религјата и националноста. Скоро сите муслимани и евреи се обрежани и тие сочинуваат 70% од сите обрежани мажи на светот. Во Америка има најмногу мажи кои се обрежани поради други причини. Дури 75% од мажите во Америка кои припаѓаат на други религии се обрежани, а денес дури 65% од новородените машки деца во САД се обрежуваат. Иако порано обрежувањето беше контровезно, предупредувањето на СЗО дека ги намалувате шансите за добивање на ХИВ доколку имате обрежан пенис, очигледно влијаело на промена на мислењето.