Интересни моменти со вашите миленичиња

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
35
Неготино
кога чувавме во станот маче имаше доста интересни случки а никогаш нема да заборавам една
нашата мачка фифи нонстоп по цел ден спиеше а навечер кога си легнувавме таа беше многу активна
дечко ми тоа многу го нервираше
една вечер беше под нашиот кревет и тој за да ја избрка со сета сила удри со ногата по креветот за таа да избега
но тогаш се скрши долната даска на креветот и ние пропаднавме хахахах
тогаш таа избега но ние бевме на подот
и цела вечер ни пропадна поправајќи го креветот,таа задоволно не гледаше хаха
додека дечко ми работеше јас си играв со неа,многу се гушкаше и милуваше со мене
сега ја испративме на село и стана селска мачка:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: EmilijaS

EmilijaS

Староседелец
20 јануари 2016
65
39
1,028
28
Прво ќе кажам за кученцето кое го имав. Беше посебно и многу се сакавме и уште го сакам ама ете. Уште кога беше мало кога шетало со брат ми имало инцидент со мачка и од тогаш не се приближуваше на мачки. Тој ден бев многу нерасположена и го зедов со мене во книжара. По пат имаше мачка и јас го оставав тој да ме води да видам како ќе изреагира, а никогаш не дозволував да брка, дави мачки, жал ми е. И буквално само си помина покрај неа, си сврши работа до дрвото веднаш до неа и си продолживме напред. Дури и мачката ми изгледаше изненадена, а додека се приближувавме беше премногу исплашена. :giggle
Второ, седев сега брзо надвор со мачките, поконкретно со двете мачки, а најмалото шеташе наоколу малку. Овие двете до одредено ниво се агресивни и често кога не сум таму го напаѓаат малото (обично за храна, па него го ранам настрана само за да не ми го тепаат). Јас на терасата надвор имам старо шпоре и додека играв со овие двете, тоа скокна на затворениот капак на шпорето и ... никогаш немам видено побрзо мачки да бегаат. Сум се пресмеала и си го зедов малото и му прам „Ете, му врати“.. :igra :rofl
 

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Секогаш ми го носи топчето да и го фрлам и секогаш знае да ме развесели