Интересни моменти со вашите миленичиња

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Милениците често знаат да ги доведат сопствениците во смешни, страшни или интересни ситуации.
Па споделете ги.

Ќе почнам прва: Цезар го зедов од 5 месеци. Не дека беше голем, но тие 5 месеци беа доволни за да прави будалаштини. И така, еден ден си направив крофни, ги ставив во чинија на маса и ги покрив. Попладнето дојдоја гости и јас да се покажам им викам „сега ќе видите што крофни сум направила.“ Одам во кујна по нив, гледам празна чинијата. Малиот си се послужил. Се оближува и победнички ме гледа в очи.

Бидејки на почеток кога ќе видеше дека се отвора врата се спремаше да бега, татко ми после секое влегување му даваше саламче. И навистина тој се одвикна од бегање, ама го научи зборот салама како и местото каде ја чуваме т.е. фрижидерот. И така еден ден дојдов од на школа, седнав во кујна да сварам кафе. Доаѓа тој до мене, ме удира по нога со шепата, се оближува и застанува пред фрижидер. И ела не дај му саламче.:)
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
би сакал , ама во следна прилика ... (nod)
Знам дека те мрзи да пишуваш...него смешна е случката обавезно да ја напишеш за Роки= фраерот у маало заради кој полиција на врата ти доаѓа :D Инаку вчера кога ме враќаше Фанот дома во кола бевме со Роки и цело време идеше или кај мене или кај него во скут ја вадеше главата надвор низ прозор и ја внесуваше, па цвилеше и на кривина мислеше дека ја го буткам, кога почна да р'жи, си ги сокрив рацете да не ме гризне и го избркав у скут кај Фанот :D каков мал лудак е Роки ама мн си го сакам (инаку Роки е пинч)(muscle)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and 4FUN

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
чаки се напи ракију од на тату чашку, ОЗБИЉНО!
...после тој летеше како пијан папагал : )
сфе праи он сс нас, еде сс нас на астал, спие сс мене, сфе праи само не збори
ск е курназ голем, шмека згодни врапчиња преко прозор, к*р га боли за сфе, не ни лети више, стар е...
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Најинтересен момент ми е кога ќе се качи на маса да руча со нас кучето.
Си става раце на маса нозе на стол и јаде од чинија, па и пие вода хахаахах. :giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Slims and 4FUN

Slims

Активен Член
19 април 2012
192
177
43
И мојот папагал се има опиено од ракија еднаш, јбг сака се' да проба. После летајќи во сите ѕидови се забоде :D
А кучето нон стоп прави глупости, сака многу да го трола народот, обично ќе се избања во реката и кога ќе излезе ќе дојде да се истресе до тебе и ќе почне да рипа по сите околу него, кога ќе се измори ти ги мокри нозете и рацете со до земја испружениот јазик, редовно трча по мачки, топки, мали деца кои се склони на врекање по таков акт (сепак, не им е кучето криво што не му го сфаќаат начинот на игра), си игра со жаби, ги тапка одозгоре и бега, омилено му е да пие вода од фонтани(like a human :cool: ), чат пат и да се бања во нив, а дома се изпружува колку што е долго на целиот степеник па треба да го прерипнеш ако сакаш да поминеш.
Сепак најсмешно ми е да го гледам како се обидува да ги улови гулабите во паркот со оној поентерски став. Што да праи, птичар во крвта.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: EmilijaS, Lena and parvati

Самовила

Полноправен Член
6 април 2013
48
33
18
Мачорчето е многу интересно кога некој ни иде на гости тој е качен на телевизорот и мислиш ке го јаде гостинот
куценцето прави интересни случки кога свеквами иде на гости сиромашката таа знае како и е а мене воопшто не ми пречи;)
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Еднаш добро се скравме со дечко ми и таква целата во солзи отидов во спална на кревет.
Бени(вучјакот)
дојде до мене и со муцето почна да се мази со мене како да сакаше да ме расположи.
Успеа.Го земав и отидов на прошетка во шумата што ме избалансира.
Еднаш пак,
го шетав надвор и си играм со него,
а во близината некоја мајка зема стапче и сакаше да си игра со детето, но изгледаше како да сака да го удри.
Бени го виде тоа и се стрча скокна ии го зема стапот од рака(сакаше да го заштити малиот).
Женава почна да се дере ко луда,детето почна да плаче,Бени се збуни хаос жив.
Ми недостига Бени,
посебно сега на пролет да го носам со мене во шума да трчаме.
Нон стоп трчав со него.
Најдобро беше,ќе го земам во шума да трчаме а тој ќе влезе во езерцето(нешто поголемо од бара)
и ќе почне да ги брка патките.
И целиот мокар ќе излезеше од барата и ќе се протресе,па автоматски ме тушираше и мене.
Ми доаѓаше како освежување после трчањето.