Индиски хороскоп

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
414
663
28
Pax Terra
Kanya (девица) – Ја следи својата мисија
Во индиската астрологија, девицата е женски, ноќен и земјен знак. Родените во овој знак се педантни и методични. Се сметаат за големи исцелители затоа што нивните раце поседуваат магнетна моќ на исцелување. Постојано се грижат за другите. Сакаат да читаат и да се образуваат во склад со нивните амбиции. Љубезни се, но и строги. Не поднесуваат неверство. Прво се одлучуваат за заеднички живот, а потоа за брак.

Иххх мале мале:D:D.Ова неверството стварно ме нервира:):)
 
  • Like
Реакции: Selma

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,367
4,942
1,173
најнеодоливи близнаци? (facepalm) (wasntme) Ова е карактеристика што зависи од самиот човек, а не од хороскопот. Иначе за вредни, највредни сме. (nod) За наредби сум кроен шеф. Се сакам да е по мое. :rofl За хумор сме родени. :p Само ретко кој ни ги сфаќа шегите. :zelen
 
  • Like
Реакции: Succubus

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,367
4,942
1,173
Мала шега врз основа на индиските имиња на хороскопските знаци. :biggrin
Mesha (овен) - Овните обожаваат да играат и мешаат (меша) на свадби. :rofl

Vrishabha (бик) – Биковите многу вриштат(вришаба). :D

Mithuna (близнаци) – Близнаците се срамежливи како туна во конзерва. (митуна) (facepalm) :biggrin

Kataka (рак) – Раковите така-така (на скратено катака) значи уво не ги боли за ништо. :zelen

Simha (лав) – Зависници од Симс. (било кој дел :zelen)

Kanya (девица) – Како што кажа и Лаки во претходниот пост. Се осеќала како Kanye West. Значи овие се обожаватели на Kanye West. :biggrin

Tula (вага) – Имаат или планираат да отворат фабрика за тули.

Vrisciha (скорпија) – Кога играат оро викаат иха. (врисц иха) :D

Dhanus (стрелец) – Родени ветеринари :D Иф ју ноу ват ај мин.

Makara (јарец) – Обожаватели на макарони. :D

Kumbha (водолија) – Производители на ќумбети. :zelen

Mina (риби) – Минери (на англиски) или во превод Рудари. Сакаат да работат или веќе се вработени во рудник.:D
 
  • Like
Реакции: Badgirl, Luckky and Selma

КрисТина К.

Истакнат Член
2 март 2012
527
1,654
393
Скопје
Kumbha (водолија) – Слобода
Водолијата е машки и фиксен знак, што се поврзува со душата, памтењето и дифузните знаења. Родените во овој знак се истовремено најсилните и најслабите луѓе. Природно се надарени со големи можности и се сметаат за духовни исцелители. Ја сакаат сопствената слобода, но ја почитуваат и туѓата. Пријателите се нивно засолниште. Во љубовта важат за срамежливи и ретко го прават првиот чекор.
 
  • Like
Реакции: МериСелест

Natenceto

Истакнат Член
6 март 2012
1,029
1,193
423
Скопје
Simha (лав) – Непопустливост
Лавот е фиксен, огнен и машки знак. Родените во знакот на лавот важат за бесни луѓе. Дарежливи се, симпатични и доста привлечни за спротивниот пол. Во состојба се целото внимание да им го посветат на другите. Емотивни се и интуитивни. Сакаат да уживаат во раскош. Парите им се многу важни. Во борбите не попуштаат додека не победат. Многу се горделиви и не поднесуваат рамнодушност. Во љубовта се шармантни, но не се секогаш верни.
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Makara (јарец) – Труд и настојување
Овој знак е женски, ноќен и променлив. Родените во овој знак се длабоки мислители и природни оратори. Сакаат постојано да го зголемуваат својот интелект. Вредни се и способни истовремено да прават неколку работи, поради што често се заморуваат. Кај нив ништо не е случајно. Многу од нив созреваат рано, но целосната независност ја постигнуваат кога ќе бидат финансиски сигурни. Сигурноста во сопствените чувства, партнерот може да ја протолкува како знак на строгост.

Точно (nod)
 

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
388
680
1,103
Vrishabha (бик) – Големо срце
Бикот е земјен, женски и фиксен знак. Родените во знакот на бикот се храбри и љубезни. Знаат да бидат и многу дарежливи, посебно кога не се под притисок од другите. Способни се да го носат „товарот“ на околината. Комуникативни се и немаат проблем со изразувањето во јавност. Не поднесуваат немарност и површност. Кај другите најмногу ја ценат довербата. Полни се со љубов и копнеат по романтика. Биковите се едни од најверните знаци во љубовта.

и големо влијание на подзнакот

Tula (вага) – Приврзаност
Овој знак е кардинален, воздушен, дневен, подвижен и машки. Вагата како знак се поврзува со човековата прогресивност. Луѓето родени во овој знак се енергични, амбициозни и дарежливи. Ако им се случи нешто лошо, брзо закрепнуваат. Се занимаваат со пресметки и интриги. Друштвени се и најсреќни се кога се во друштво на пријателите. Не поднесуваат прекини во работењето. Заради нивната хуманост, често не ги согледуваат туѓите замки.
 

Стефанија

Активен Член
19 февруари 2012
156
233
43
Makara (јарец) – Труд и настојување
Овој знак е женски, ноќен и променлив. Родените во овој знак се длабоки мислители и природни оратори. Сакаат постојано да го зголемуваат својот интелект. Вредни се и способни истовремено да прават неколку работи, поради што често се заморуваат. Кај нив ништо не е случајно. Многу од нив созреваат рано, но целосната независност ја постигнуваат кога ќе бидат финансиски сигурни. Сигурноста во сопствените чувства, партнерот може да ја протолкува како знак на строгост.

Има нешто точно во ова..:)