Да си почнам како шо е атерот...
Среќна нова на сите форумџии и форумџики, ви посакувам се најдобро понатака, онака искрено и од срце, да знајте.
Јас оваа година работно ја завршив, келнерски ја пречекав новата(па од Охрид сум шо сакате друго) и да ви кажам право топ си поминав. Онака добро ми дојде малце да бидам настрана од цело лудило и да ви кажам право многу ми беа интересни луѓево вечерва. Ко да ќе немат друга нова година, т.е како ова да е последна ноќ кај шо се излезени. Али секој си ја доживуват на свој начин и тука немат збор. На крај сите беа убај...посебно девојките - иако понекогаш тие нивни 16 личет на 26 години сепак важно е да се забавуваме!
Вие со шо ќе се пофалите(или пожалите) за најлудата ноќ? Некој предлог за втора вечер би бил одличен плус