Името како одлика на нашата личност

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Често ми се случило некој да ми личи на некое име...
На пример брат на една моја другарка се вика Панче ама мене човекот ми личи на Мартин и така и му се обраќам до ден денес...а имам многу такви примери во животов, некој има едно име ама мене ми личи на друго...Дали ви се случило тоа?
Или пак сите Дејановци што ги познавам во мојов живот некои многу добро некои помалку сите имаат исти или слични карактеристики...сите се мирни, тивки, одмерени, сталожени, паметни...

Дали мислите дека некои карактерни особини може да му се припишат на некое име?
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Пред 4 годинке една касиерка ми заличи на некоју Мају, појма неам коју : ) Едноставни имаше такфу фацу, како да се викаше Маја
Едноставно ме асоцира бре такој, одонутра, неопишљиво е некако
Дн днска ја гу викам Маја, а она се вика Јасмина : )

Дариња су увек пргави зборљиви и луди, осфен Даре коњ, што сееше позади мене у средњу, увек кд му траеше пенкало лупаше ме сс копиту по грб : )
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Не сум приметила до толку дали луѓето со исти имиња имаат исти/слични карактеристики. :^)
А за другото, пред месец дена се запознав со девојката на другар, се вика Еми, ама мене ми личи на Ана. И често Ана ја викам, не ми се лути. :)
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Во класот има неколку Моники и сите некако една на друга си личат, а и карактерно. Најзабелижливи им се косите на сите до половина.:giggle

А сум приметила и тие со има Стефан се доста хиперактивни, харизматични, шегаџии...
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Да, има личности што ми личат на некои имиња....
Пример, ако се секси, мили, слатки, енергични, страсни, ми личат на име Милена или Елена :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Just Perfect and MoonFairy

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
А Катерините се многу зборлести, прчлести :) ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Trpana

Нов член
30 март 2013
12
0
1
54
Често ми се случило некој да ми личи на некое име...
На пример брат на една моја другарка се вика Панче ама мене човекот ми личи на Мартин и така и му се обраќам до ден денес...а имам многу такви примери во животов, некој има едно име ама мене ми личи на друго...Дали ви се случило тоа?
Или пак сите Дејановци што ги познавам во мојов живот некои многу добро некои помалку сите имаат исти или слични карактеристики...сите се мирни, тивки, одмерени, сталожени, паметни...

Дали мислите дека некои карактерни особини може да му се припишат на некое име?
Често ми се случило некој да ми личи на некое име...
На пример брат на една моја другарка се вика Панче ама мене човекот ми личи на Мартин и така и му се обраќам до ден денес...а имам многу такви примери во животов, некој има едно име ама мене ми личи на друго...Дали ви се случило тоа?
Или пак сите Дејановци што ги познавам во мојов живот некои многу добро некои помалку сите имаат исти или слични карактеристики...сите се мирни, тивки, одмерени, сталожени, паметни...

Дали мислите дека некои карактерни особини може да му се припишат на некое име?
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Да , имав колешка на факултет се викаше Кате , а јас ја викав Данче, и до ден денес велам Данче за неа..така ко за Данче ми изгледаше....имаше еден Благој ама мене ми личеше на Боби ...да , ми се случило многу луѓе да ми личат со некои имиња а на некои пак воопшто да не им прилегаат...пример познавам Живка што уопште не и одговара името...