Како и да е ,навистина сакам да ја знам правата причина за вакво насликување,исто какошто има значење и положбата на прстите кај светците,за кое прашање уште не добив одговор од MissChievous.
Немаш добиено сеуште одговор од мене за положбата на прстите кај светците бидејќи сеуште го немам дознаено ни јас.
Е сега, кога не информира дека станува збор за фрескоживопис од црквата Св. Богородица Елеуса, можеме подетално да дискутираме. Црквата е изградна во 1080 година, период кога има специфични карактеристики во сликаната декорација. Не се знае кои се мајсторите, но нивната сликарска изведба се одликува со прецизен цртеж, пластична обработка на формата и стемнета палета на тонови. Педантното обликување на ликовите, тонскиот пристап на формирањето на волуменот и специфичните нијанси со кои е доловена пластичната изразност на прикажаните ликови, ги претставуваат препознатливите димензии на сликарскиот ракопис на мајсторите. Во нивната изведба продираат и карактеристиките на новите стилски струења, особено видливи во обработката на ликовите, каде се забележува засилената улога на линијата и појавата на одредена декоративност во доловувањето на светителските претстави. Со темната мистика на боите, тонската обработка на волуменот и нагласувањето на цртежот во обликувањето на светителските претстави, сликарството на Богородичната црква во Велјуса се јавува како репрезент на монашките идеали во уметноста. Дали се сеќаваш како беа насликани сите ликови во оваа црква? Покрај ИХ, сите се насликани со слични физички карактеристики, како на пример специфичното истакнато чело. Ваквите стилски карактерискики ги има и во комплексот цркви во Водоча, од кој Света Богородица Елеуса е оддалечена само неколку километри.