Архангел. Божјата реч го нарекува Михаел ,архангел‘ (Јуда 9). Овој збор значи „главен ангел“. Називот „архангел“ се појавува во Библијата само во еднина, а никогаш во множина. Тоа покажува дека постои само еден таков ангел. Освен тоа, Исус се доведува во врска со положбата на архангел. За воскреснатиот Господар Исус Христос, во 1. Солуњаните 4:16 стои: „Самиот Господар ќе слезе од небото со заповеднички повик, со глас на архангел“. Значи, за гласот на Исусе речено дека е глас на архангел. Според тоа, овој стих упатува на заклучокот дека самиот Исусе архангелот Михаел.