Изложби на уметнички дела

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
10610629_10204254796026838_5042670401737346029_n.jpg

Лименка со боја, честа алатка за графитите. Тие настанале во шеесеттите во Филаделфија. Други пак велат дека настанале во социјалните немири во Париз, Франција......па се до Кисела Вода, Центар, Карпош, Влае, Ѓорче...
Изминативе 10 години како форма на јавна уметност сигурно сте забележале негов Tag и графити.

Со особена чест и задоволство Ве покануваме да присуствувате на првата продажна самостојна изложба на скопскиот графити цртач Миле-SRK !

Продажната изложба ке биде поставена во КУЛА на ден 25.10.2014 со почеток од 20:00 часот ќе бидат изложени уникатно рачно изработени и исцртани дела во мал формат кои го отсликуваат ликот и одразот на нашите скопски улици.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Денес се отвори изложба на постери во МКЦ, автор: Лазе Трипков.

Laze Tripkov, poster exhibition.jpg

Втора самостојна излжба на плакати настанати во период од 2004/2014.
Луѓето без разлика на заедницата во која дејствуваат ги користат симболите за да создадат колективно значење, при тоа секогаш тргнуваат од желбите и аверзијата, обичаите и табуата. Графичките дизајнери се тие кои ги решаваат визуелните комуникациски проблеми. Тие ги толкуваат идеите и ги представуваат со слики и зборови. Oд есенцијално значење е вештината на размислување и создавање перцепција со слики, зборови и симболи. Способноста да се создаде убедлива или информациска перспектива на некоја идеја е многу важно.
Но, најважната работа во дизајнот е да го создадеш патот!

People regarding of the community in which they act, they use symbols to create collective meaning, always approaching from their wishes and aversions, customs and taboos. The graphic designers are those that solve visual communication problems. They interpret ideas representing them by images and words, but the skills and approach it is essential in thinking and reproducing the perception with images, words and symbols. The ability
to create convincing information or perspective to an idea is very important. The most important thing in design is to always create the path!


Оваа изложба ми е меѓу подобрите на кои сум била во последните неколку месеци. Немаше постер кој не беше добар, со одличен дизајн, креативен и најчесто со јака порака. Еве неколку кои ми се допаднаа, особено последниот:

1.jpg 2.jpg 3.jpg 4.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Националната галерија на Македонија – објект Мала Станица, организира ревијална „Годишна изложба" на ДЛУМ, чие отворање ќе се одржи на 12.02.2015 (четврток) во 20 часот. Изложбата се организира како настан по 61. пат, а на која ќе бидат претставени дела на 83 автори-членови на Друштвото. Уметничкиот совет на ДЛУМ по повод ревијалната „Годишна изложба“ на отворањето ќе додели признанија од областа на ликовната уметност, од кои најзначајни се наградите „Нерешки мајстори“ за сликарство и скулптура. Во склоп на ревијалната изложба годинава ќе се реализира и постхумна поставка во чест на нашиот драг колега и пријател Милош Коџоман, соопштија од ДЛУМ.

mkd-175632.jpg
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Еве неколку дела кои ми се допаднаа од гореспоменатата изложба:

BeFunky_120220152035.jpg.jpg BeFunky_120220152036.jpg.jpg (оваа ми се допадна зошто уметникот најпрво создал скулптура, па потоа преминал на концептуална уметност, па сето тоа го пренел на фотографија која ја надополнил со боја)BeFunky_120220152037.jpg.jpg BeFunky_120220152038.jpg.jpg BeFunky_120220152039.jpg.jpg BeFunky_120220152040.jpg.jpg


BeFunky_120220152042.jpg.jpg BeFunky_120220152045.jpg.jpg 120220152048.jpg BeFunky_120220152049.jpg.jpg
Последново е на Димче Димески и ми се допадна целиот концепт на делото (наречено "Пулсирање") каде што на една платформа под која блешти сино светло кое се пренесува низ делото нагоре, претставена е минијатурна верзија од центарот од град Скопје и над него, или да кажам од него, излегуваат оние артерии кои се поврзани за едно големо срце во кое има силен жар и наликува како нешто живо да е заробено во внатрешноста.

Се на се, изложбава не е кој знае што но бидејќи се изложени многу дела, има што да се види. Како и секогаш, морам да го искритикувам осветлувањето, едноставно имам впечаток дека никој не се грижи за тој дел кој и те како е важен за една изложба.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
ВТОРА ИЗЛОЖБА НА МАКЕТИ И ДИОРАМИ.jpg

ВТОРА ИЗЛОЖБА НА МАКЕТИ И ДИОРАМИ

"По успехот на минатогодишната прва изложба, како и огромната посетеност , оваа година ја продолжуваме низата со надеж дека ќе прерасне во традиција.
Неколкумината ентузијасти кои минатата година за првпат го претставија ова хоби на пошироката македонска јавност оваа година го остварија својот долгогодишен сон и се здружија во клуб. Макетарскиот клуб Скопје е прв од овој вид во нашата држава, неговата основна цел е промоција на макетарското хоби како и подигнување на техничката култура.
Ве покануваме да дојдете на ВТОРАТА ИЗЛОЖБА НА МАКЕТИ И ДИОРАМИ на која ќе можете да ги видите макетите и диорамите на членовите на клубот, но и да се информирате повеќе околу самите макети, начинот на изработка и сл.

Изложбата ќе ја отвори командантот на Воено Воздухопловство полковникот Кире Колевски.

Работно време : од 12ч. до 20ч. (освен на денот на отворањето)

ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН!!!"

Не знам колку некој би го интересирал ова, но ми делува како интересна изложба.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
На 1ви декември ќе има една доста интересна изложба во Музеј на град Скопје која ќе се изложува до 15.12.2015. На оваа изложба со наслов "Од колекциите на Скопје" ќе бидат изложени 147 уметнички дела кои се во сопственост на градот Скопје и воглавно, ќе бидат дела на основоположниците на македонската модерна уметност и уметници од постара генерација.

1.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Вечерва во Тутунската банка кај трговскиот Рамстор во просторот за изложување ќе се отвори изложба на минијатури.
А утре вечер во Мала Станица ќе се отвори Годишната изложба на ДЛУМ од 20:00 часот на која ќе бидат изложени дела од 70 автори.

dlum.jpg
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Утре има изложба од еден од моите поомилени македонски уметници. Права copy-paste од евентот на фб:

Изложба на проф. Душан ПЕРЧИНКОВ.jpg

Ве покануваме на изложба на проф. Душан ПЕРЧИНКОВ - УМЕТНИК на ГОДИНАТА 2015 (во рамките на манифестацијата ОСТЕНОВИ УМЕТНИЦИ НА ГОДИНАТА) и носител на Посебно признание од жири за исклучителни уметнички достигнувања на ОСТЕН БИЕНАЛЕ на ЦРТЕЖ Скопје 2014.

Проф. ПЕРЧИНКОВ во галерија ОСТЕН ќе се претстави со 20 дела од неколку циклуси: "Облаци", “Слоеви на свеста”, “Предели на тревата”, “Растителни предели”, “Мотиви од природа” и “Мотиви од предградие”. Делата се создадени со виртуозниот јазик на графичкиот цртеж - кој според авторот е еден од најважните алатки за изразување и кристализирање на имагинативните состојби.

Во Остен Галерија во 12 pm.
 

Alaysa

Полноправен Член
17 декември 2015
68
15
18
Пред некое време бев на изложба каде што учествуваше и еден од моите цртежи :sram ќе бидам искрена никогаш не сум ги сакала изложбите, еее ств незнам зошто (facepalm) па и ден денес, чудо дејЧе:rofl
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
На 19ти фебруари во МКЦ ќе биде отворена изложба со графички дела на Пикасо.

пикасо.png

Превземено од евентот на фб:
"Младинскиот културен центар во соработка со приватната галерија Висконти од Љубљана, Словенија, ја има честа пред македонската публика да ја претстави, изложбата на дела од големиот шпански сликар Пабло Пикасо во Галеријата на МКЦ.
На оваа изложба ќе претставена збирка од четириесет и шест графички дела на Пабло Пикасо - факсимили на цртежи, литографии и одделни гравури, кои го опфаќаат временскиот период од 1932 до 1969 година. Во сржта на збирката се наоѓаат комплети од оригинални графики, сместени во три мапи, кои денес претставуваат ретко видени и ретко достапни дела.
„Двојна флејта“ (“Flute Double”), 1967, содржи шеснаесет литографии направени според цртежи и лавирани акварели од периодот меѓу 1932 и 1955 година. Заедничката тематика ја претставуваат женски и машки актови, мотиви со минотаури и баханалии од 30-те и 40-те години на 20 век, појадок на трева, шпански мотив според Веласкез, како и портретот на сопругата, Жаклина.
„Фауна и флора од Антиб“ (“Faunes et Flore d'Antibes”), 1960, мапа што претставува девет литографии, со текст на Хаиме Сабартез.
Пол Елијар: „Цртежите на Пикасо“, 1952, претставува мапа – книга со шеснаесет факсимили на цртежи од периодот меѓу 1942 и 1946 година. Мапата претставува интересен избор цртежи, од класично нацртана глава на девојка, до симболично дефинирање на фигура, со само неколку потези со линија, и кубистички мртви природи, нацртани во истиот временски период.
Црвената нишка на оваа збирка, а и нејзината суштина, е дар и восхит на бескрајно големото, а толку лесно мајсторство на цртање на Пикасо, кое при секое ново погледнување, повторно го восхитува гледачот со својата чиста и цврста линија, но и со својата разиграност и богатство на формата, кои на секоја графичка листа се свежи и нови.
Непогрешливото познавање на анатомијата и зачудувачката способност за цртање на формите на човечкото тело, со очигледно обожување на убавината на женскиот акт, а и со креациите преполни со хумор и нескротлива животна радост и бесрамна сензуалност, Пикасо се потврдува како генијален виртуоз на линијата, нејзиниот рез, потег со четката.
Разноликоста на варијантите кај него нема граници, а неговата моќ на создавање може да ја споредиме со незапирливи експлозии од вулканска лава или со разиграна музика на виолинскиот виртуоз кога импровизира.
Пабло Пикасо создаде еден од најобемните графички опуси, кој можеби нема конкурент меѓу уметниците од 20 век. Во одредени периоди од неговиот живот, графичките записи во плоча или литографски камен се надоврзуваат како во дневник. Познато е дека како незапирлив креатор, Пикасо сакал постојано да менува и да прескокнува од една техника на друга, од цртеж на сликање, од графика на обликување предмети и скулптури. Познато е дека неговите раце никогаш не мирувале, без разлика дали е во друштво на пријателите, на ручек или на вечера, играјќи си, скоро несвесно, од случајно најдени предмети или хартии, создавал изненадувачки уметнички дела.
Не е изненадување што целиот негов опус, како и неговиот богат животен пат, сè уште се предмет на проучување на историчарите на уметноста, писателите и психоаналитичарите, а изложбите со неговите дела сè уште привлекуваат исклучително внимание кај публиката. Едноставно, неговите дела сè уште го развеселуваат човечкото око и зрачат со енергија полна со животна радост, која можеби е уште повидлива во неговите мали, на прв поглед помалку значајни дела.
Продуцент на изложбата е Михајло Несторовиќ, а делата се во сопственост на Жива Шкодлар Вујиќ и Лазар Вујиќ од галеријата Висконти во Љубљана, Словенија.
Реализацијата на изложбата е помогната со финансиска поддршка од Министерството за култура на РМ.
Изложбата е отворена и ќе трае до 16 март."

https://www.facebook.com/mkc.mkd/videos/o.776526772492215/1142301725779906/?type=2&theater