Многу ретко имам можност да наидам на информација за изложби на уметнички слики така што би било убаво овде да споделуваме информации на оваа тема.
Токму вчера бев на Цицо, човекот е ѕвер во областа на карикатурата. Посебно ми направија мерак делата со писателите и актерската екипа. Топло препорачувам да се погледне, не чини многу (50денари е мислам).Во склоп на Бела ноќ која оваа година ќе биде на 4ти октомври, ќе бидат изложени повеќе изложби. Јас препорачувам да ја погледнете ЕДЕН ВЕК (ретроспектива) од раѓањето на големиот Василие Поповиќ - Цицо, која ќе биде изложена во Даут Пашин Амам. Исто така, доколку имате време тркнете и до КИЦ на изложбениот салон - Империјал 1 Надреализам каде што ќе бидат изложени дела на Спасе Куноски, Благоја Николовски и Кирил Ефремев.