Дали некој од вас му бил украден или пак го изгубил телефонот?
Дали сте го пријавиле?
Дали ја знаете постапката на пронаоѓање на телефонот?
Дали знаете колку време трае?
После колку време одкако сме го изгубиле може да се пријави?
Дали по пронаоѓањето ќе му биде вратен телефонот на сопственикот?
Украден не еден туку 3 телефона.
Пријавив прво во оператор за да ми ги исклучат броевите.Потоа се јавив во полиција каде што ми рекоа да појдам во прва полициска станица.
Отидов, дадов изјава ми рекоа дека ќе се потрудат да ги најдат.Потоа ме пратија кај инспекторот на станицата да разговарам со него затоа што и пари ми украдоа и спаѓа под тешка кражба.
После точно 3 месеца HTC-то ми го најдоа цело исполупано и пукнат екран.Семејство го „нашло“ телефонот на улица и го земале дома.И го користеле.Си ги сликале децата, се снимале и на крај решиле и да си стават картица и да си зборат.Кога им дошло полиција рекле дека го нашле и дека им било страв да одат во полиција.И тоа за тоа.
Барав МВР да ми ги соопшти имињата на тие што го нашле телефонот, нема теорија.
Сеуште барам дебели врски за да ги најдам имињата, да им ја украдам куќата/колата и да кажам дека ми било страв да пријавам и дека ги најдов на улица.