Зошто скромните луѓе се тема на потсмев и жалење?

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Го сретнав прашањево по нет, па навистина ме замисли.
Знаеме дека живееме во брзи (и бесни) времиња каде за многумина е битно материјалното, да се покаже колку се има, што марка се носи, да се каже цената на нештото, итн., да не набројувам очигледни работи.
Но, што е со таквата раја, па дури и оние кои се ванаби кремови, богаташи, инфлуенсери... како и да им е веќе називот, што се потсмеваат на некој што живее поскромно, не го интересираат баш погорните работи и не се жали многу од ситуациите во кои се наоѓа?
Неретко слушаме дека некој е прост, не знаел да се снајде, глуп бил пошто е помирен, срамота пошто работел келнер на 30+, па дури и кај децата во основно паметам дека ја имаше таа поделба и потсмев дека некои сме деца на работници, а други на газди, на трети родителите им работеле на нива, на четврти продавале на пазар ко да има нешто срамно во тоа.
Знам дека тоа потекнувало од родителите бидејќи дете од 7-8 години сериозно не може многу да размислува за социјален статус ако не му било всадено од родителите дека вреди повеќе. Одвратно.
Како и да е, оваа појава отсекогаш била и ќе биде присутна. Но, зошто?
Комплекси? Незадоволство од себе? Его што се полни само ако друг е повреден?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Скромноста (на која ме учеше дедо ми, стар бољшевик) се изедначува со неамбициозност (Едгар Алан По ме учеше дека амбициозноста е опасна) или со немаштија, а најлесна мета за исмевање, покрај лицата со проблеми, се лицата кои немаат. Ако немаат тоа значи дека не вредат а ако не вредат тоа значи дека се легитимна цел. Таков систем на вредности донесе транзицијата и не верувам дека тој систем ќе замине во брзо време.

Имаше еден ирски филм каде имаше едни браќа без чизми во чколијата па им се потсмеваа, учителот слушна и побесна прашувајќи ги дали Исус бил богат? Да се врати Исус денес ќе му се потсмеваат дека е смотан и сиромаф, све јаки рисјани наоколу.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ами па Исус за рисјаните секако е висок белец со сини очи, оттаму да појдеме за илузиите, па за друго што останува.

Многу ме иритира кога се смета дека скромен човек не може да биде паметен, нели, немал услови. Мајка ми имала професор по математика, препаметно, но пресиромашно дете бил, три конзерви туна ги делел за цела недела со по четврт лепче дневно, учел на свеќи само за да заврши за подобра иднина (знам дека ова звучи ко бумерското „мије одефне нашколо по 98км во еден правец со снек до брада“, но ете) и многу бил лут кога родители на размазени деца иделе да го молат за високи оценки.
Во реалноста, фактот е дека баш тие што имаат, не се замараат многу да поднаучат (секогаш со исклучоци, нели) и претежно им е фалба/пресмешка дека последно прочитале Др. Офболи или статија на Фејсбук за нечии цицки.
 
  • Sad
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ами па Исус за рисјаните секако е висок белец со сини очи, оттаму да појдеме за илузиите, па за друго што останува.

Многу ме иритира кога се смета дека скромен човек не може да биде паметен, нели, немал услови. Мајка ми имала професор по математика, препаметно, но пресиромашно дете бил, три конзерви туна ги делел за цела недела со по четврт лепче дневно, учел на свеќи само за да заврши за подобра иднина (знам дека ова звучи ко бумерското „мије одефне нашколо по 98км во еден правец со снек до брада“, но ете) и многу бил лут кога родители на размазени деца иделе да го молат за високи оценки.
Во реалноста, фактот е дека баш тие што имаат, не се замараат многу да поднаучат (секогаш со исклучоци, нели) и претежно им е фалба/пресмешка дека последно прочитале Др. Офболи или статија на Фејсбук за нечии цицки.

Исус и да бил белец со плави очи пак бил сиромав и апостолите со него биле кој од кој сиротиња :D Плус често правел испади и давал изјави ппротив богатите, не знам рисјаниве како не знаат тоа. Рандом владика кој вози џип од 50К евра и има саат на рака од 2000 евра не влегува во рајот.

Низ годините на вечната транзиција во фиром се створија неколку паразитски класи на раја кои го владеат јавниот дискурс па така скромноста е знак за слабост, ете јас имам патики NB од сеп.2012 и други кои ги чувам само за посебни прилики од 2017, многу ми помагаат пошто се феноменални и ги носам по дома дури пошто со нив имам помалку мака. Неколку пати ми се има случено потсмев на тема облека и обувки а кретените не сфаќаат дека имам прилично квалитетна облека, купувана во времето коа имав прилично пари, роба направена за прв свет па ете се покажа како точно кој купува квалитет поминува поефтино од оној кој купува тренди парчиња кои во Солун се 15 евра а тука 80.

Средно, тоа што паметам подобро, значи трета и четврта имав само едни патики никакви и едни чизми, коска, правени за хрватска армија не знам како попаднале во тукашна продавница нешто преку Вартекс и цело време со чизми чак и мај месец и со иста ташна цело средно па подјебавања од сите страни.

Темава баш ми е интересна пошто сум премногу осетлив на потсмевање на социјална база, и на друг да му се случува во мое присуство го сфаќам лично, ме погодува и ми ствара агресија кон оние кои исмеваат па морам да се контролирам.

Има и друга ситуација поврзана со ова а тоа е онаа дека скромните луѓе као не треба да бидат платени соодветно за својата работа пошто се ете...скромни. Тие што имаат и нивните потомци кои весело си живеат до некаде ги сфаќам во нивниот кретенизам. Но што се оние кои се на слично или незначително повисоко место од субјектот кој го исмеваат? Па тоа треба да се убие.
Битола е посебно сирово место за тие ствари, една другарка сеуште ја гњават пошто се ожени за човек без факс (таа има правен) скромен, од скромно потекло, но човек од збор, паметен, добар родител, нема што да се каже лошо. Да, работи на тезга на пазар ама заработува повеќе од сопругата :franticУште ден денес ја гњават за тоа дека се омажила за пазарџија, сељак, мутав и што све не. Јака и душа со такви френдови и роџаци, битолска дебилана.
 

Машкар Џианенгоро

Полноправен Член
16 октомври 2020
39
33
18
Јас средно од 1ва до 4та одев со ташна од ЈНА, komplet za lichnu zashtitu gradzhana sa maskom. Таман да собере тоа шо ми треба: стартки, балетанки,шорц, дрес, тетратка една и неколку пенкала... Школски еден е подбуцнуваше па и сите, не само мене, се додека не ми скисна за да му кажам дека татко му е уствари крадец и дека најките шо ги носи се одземени( татко му на царина работеше) а не купени и шо уште не му изнакажав... За да до крај на 4та да не спомне за ништо каков модел му е и колку пари кошта( добро де, и ша марењето играше тука доста голема улога :D )
Ме иритира тоа и во ногу наврати имам посегнато кон употреба на сила, не се правдам, знам дека и тоа не е ОК ама ете сум му покажал на некој начин дека сепак сум повеќе од него и неговите најки... :D
Воспитание си немаме,не само тука, веќе скоро цел свет гледа наопаку...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi, Outrider and Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Од ЈНА имам носено каиш, три генерации го имаат носено па као породична част :D имавме свашта по дома од ЈНА,некои чутури, матарки, шатор, АБХ опрема а не знам кој должеше М-57 пиштол југословенска копија на ТТ-33, 7,62мм тешко срање од пиштол, гаден трзај, тежи две кила со шаржер, не можеш да погодиш слон од 5м повеќе шанса да отепа нешто има ако го мавнеш некого со пиштолот него да пукаш во него :kafe
Со повлекувањето на ЈНА остана еден куп опрема кај нас, ама све исчезна до денес низ преселби наваму натаму.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Еве видов на ФБ другарка од средно што беше навистина сиромашна, па сега се снајде во странство веќе неколку години и станала некаков јуниор менаџер во фирма од типот на Орифлејм, Лимес, Лајонес, итн. ама па што? Ако ѝ даваат фина плата и ако купува народ, нека тера бре.
Ми текна на еден момент кога тетка ми ми поклони чизми што ми беа помали, па ѝ ги подарив на другаркава со уште некои парчиња облека и една друга утредента веднаш прашува од кај ѝ биле чизмите. Девојчево се посрами, но одма изреагирав да кажам дека само заедно сме биле да ги купи, не дека ѝ ги имам дадено. До денес немам на никој заеднички пријател спомнато за моето „невидено добро дело“, не гледам ни зошто би.

Туку, муабетов ми го поттикна нешто иритантно што го слушам од одредени индивидуи кога некој вака ќе се снајде и ќе почне да заработува повеќе пари од обично, па тука следат коментари „Пффф, до вчера одеше во партали, сега се прави не знам што.“
И? Ко да човек не смее да си приушти нешто поубаво со свои пари?
Тие, ко раја што Манго и Зара ги смета за врвот на шопинг доживљајот, зар не би си купиле Гучи или што и да им е филмот, кога би заработувале нешто повеќе?
Не знам што има спорно и за потсмев што некој може да си дозволи да се грижи за себе.
Еве, извиниете, нека шетаат во облеката од 4то одд. само за вие да не се осетите лошо.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
"До фчера немаше вода в очи да си клај а сега види го кабадаја се шета ко да го ослободил Широк сокак ебаго ко да не знајме ние шо марка е батето."