Зошто морето е толку здраво?
Освен морските специјалитети, пливањето или трчањето по песок, морето е лековито и ако само седите на плажа и ги гледате брановите. Што е толку добро во морската вода и воздухот кој што го вдишуваме?
Одењето на море е дефинитивно лековито, потврдува и современата наука. Ако дневно поминете само 15 до 30 минути, дури и во поладна клима, значително ќе го подобрите сопственото здравје. Еве и зошто.
Морскиот воздух
Специфичниот мирис на морето го предизвикува гасот диметил сулфид, кој доаѓа од морето. Ако се надишете морски воздух, навечер подобро ќе спиете бидејќи морскиот воздух е полн со негативни јони на водород, поради што полесно ќе апсорбирате кислород (ова е посебно добро за оние кои ги мачи проблемот со дишните патишта). Негативните јони се борат против слободните радикали и го урамнотежуваат нивото на серотинот, хормонот на среќата.
Морска вода
Морската вода ги ублажува некои кожни болести, како дерматитисот. Солта и калиум хлоридот ја лекуваат оштетената кожа. Од Британската асоцијација на дерматолози објаснија дека водата делува позитивно врз кожата на луѓето, но тука има и други фактори, како опуштањето, промената на климата и исхраната која оди со морето.
Сепак, на море треба да се пазиме од исушување на кожата, поради тоа треба редовно да се туширате и да нанесувате креми. Морската вода е лек за синусите, алергиите и настинките. Таа делува како добар антихистамин и ги отвора дишните патишта.
Сончева светлина
Паранојата поради меланомот некои ги доведе во ситуација панично да се плашат од сонцето. Сончевите зраци се неверојатно здрави за луѓето. Така ние ја добиваме потребната количина на витамин D, кој повеќе делува како хормон отколку како витамин, бидејќи го регулира здравјето на коските, мускулите, имунитетот, сонот и расположението. Д-р Мерилин Гленвил, експерт за здравјето на жените, истакнува дека сонцето е најдобар начин за превенција на остеопороза.
Витаминот D може да биде корисен во превенцијата на срцевите болести, ракот на дојката и простатата, го поттикнува имунитетот и го забавува стареењето. Едно ирско истражување покажува дека тој ги спречува воспалителните процеси, кои што ја оштетуваат меморијата. Секако, мора да биде се урамнотежено, бидејќи не смеете да изгорите. Телото може да го складира витаминот D за 60 дена, и тоа по кратко дневно излегување.
Дали на вас до сега ви помогнала морската вода или морскиот воздух?