Заштита на интернет

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
696
93
34
Скопје
За заштитата на интернет се дискутира многу, а повеќе се дискутира отколку што се практикува. Добро е да знаете како да се заштититe, иако никој неможе да биде 100% заштитен на интернет.

Што ви е потребно за да се заштитите?

Основна интернет заштита:

1. Антивирус
Многу луѓе го занемаруваат антивирусот поради неинформираност, незаинтересираност или пак премногу доверба во себе. Но сепак антивирусот игра многу важна улога во заштитата на компјутерот.
Не си го поставувајте веднаш прашањето кој антивирус е најдобар. Антивирусот е онолку добар колку што е добар неговиот корисник. Ако вие ги занемарувате неговите известувања, во тој случај попусто ќе го инсталирате. Факт е дека многу малициозни содржини можат да се провлечат незабележани од антивирусот, но затоа ќе употребите дополнителна заштита.

2. Firewall (огнен sид)
Не чекајте да почнат проблемите за да инсталирате огнен sид, направете го тоа веднаш. Што значи firewall и каква функција врши? Тоа наједноставно може да се објасни со следнава слика:

Firewall.png


Firewall е уред чија функција е да оневозможи влегување во вашата мрежа и пренос на информации без ваша дозвола.

3. Додатни безбедносни софтвери

Неможе да се посочи најдобар додатен безбедносен софтвер, но јас ги користам malwarebytes и hitman pro и засега добро си ја вршат својата работа. Се чувствувам побезбедно на интернет откако ги инсталирав.

Додатна интернет заштита:

1. Добра лозинка

За лозинка не е паметно да го ставите датумот на раѓање, родното место, името на вашето милениче итн и покрај тоа што лесно се паметат. Најдобра лозинка е онаа која содржи минимум 12 карактери и е составена од измешани букви, бројки и знаци.

2. Внимателност на интернет

Како што реков, иако неможете 100% да се заштитите на интернет, сепак можете многу да влијаете на тоа. Не прифаќајте фајлови од лица во кои немате доверба, не симнувајте сомнителни фајлови и најважното: Немојте да се лажете со лажните апликации што ги нудат фејсбук страниците од типот: "симни апликација и дознај кој ти го гледа профилот". Тие всушност и не се апликации туку вируси/кејлогери кои се инсталираат во вашиот компјутер (вие ги инсталирате со тоа што ги прифаќате/симнувате) и крадат се што вие пишувате на тастатурата и потоа вирусот/кејлогерот тие информации ги препраќа до креаторот на вирусот/кејлогерот.
Потоа, не се логирајте на страници кои што содржат поинаков линк во адрес барот бидејќи тоа значи дека сакаат да ве наседнат со фишер. Фишер во буквален превод на македонски значи рибарење и креаторот на фишерот има за цел да го украде вашиот пасворд. Кога вие ќе се логирате на лажната страница која навидум изгледа исто како и оригиналот, вашиот пасворд ќе се испрати до креаторот на фишерот.

Добро е да се тестирате овде за тоа колку можете да препознаете фишер. Тестот иако е стар, многу е корисен. Ако не знаете сепак не се откажувајте, направете го тестот до крај и видете го резултатот, па проверете каде сте згрешиле (има детално објаснување за тоа како да препознаете фишер).
Еве го мојот резултат:

ItwNF.png


Од вас зависи дали ќе бидете заштитени или не :)
 

Ice_Man

Староседелец
16 февруари 2012
440
236
1,053
досега само еднаш имав проблем .... едно 2-3 месеца немав антивирус ,заборавав да инстал. па почна да ми однемува простор на ХДД,,, ја бришам оно пак исто ... напраив скен и се си дојде на место :D
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
добар антивирус? ЕСЕТ-ов не ме бендисува.....имам фобија од него .) ако го пуштам да скенира ми бриши фајлови