Малку да отвориме дискусија за затемнетите стакла...
Прво се беше забрането, па ондак дозволено до некаде...
Со оглед на ситуацијава во државава, мислам дека контролите ке бидат ригорозни, казните големи и ке има многу интересни случки кога дел од колите ке бидат пратени на технички, машински итн за да се провери пропустливоста на фолиите, а потоа сопствениците ке си платат казни итн...
Еве неколку извадоци од дневна штампа...
Нова Македонија:
Казните за нестандардно ветробранско и странични стакла на кои ќе се утврди дека има дополнителна шминка се до 300 евра. Исклучок се автомобилите со кои се превезуваат високи владини функционери и возилата што се во придружба.
Увозот на половни автомобили од странство на многумина им создаде непредвидени проблеми зашто сообраќајните полицајци ги запираат и ги казнуваат возачите што управуваат возило со стакла позатемнети од тоа што го предвидува законот во Македонија. Попусти се забелешките дека автомобилот, онаков каков што е, е купен во Германија, Словенија или во некоја друга европска држава. Доколку биде утврдено дека ветробранското и страничните стакла не се според стандардите, казните се до 300 евра. Исклучок се автомобили со кои се превезуваат високи владини функционери и возилата што се во придружба.
- Во Словенија пред еден месец купив „БМВ“, спортска верзија, старо неколку години. Автомобилот има затемнети стакла. Таков е произведен во Германија. Никој ништо не правел на своја рака. Не претпоставував дека тоа ќе ми создаде толку проблеми. Деновиве ме запре сообраќајна полиција и поради тоа ме испрати на дополнителен технички преглед. Попусти беа убедувањата дека ништо не е променето откако е купен автомобилот, на што укажуваат и документите што ги приложив на увид. Сега треба да платам за техничкиот преглед и, згора на сé, казна од 18.000 денари оти стаклата наводно не биле според прописите - вели скопјанецот Благоја Лазаревски.
Со законското утврдување на уредите и опремата за нормална видливост полицијата ги заштитува возачите и пешаците. Статистички е утврдено дека дури четириесет проценти од сообраќајките се случиле поради дополнително затемнување на стаклата или лепење етикети од голем формат од надворешната стана на шофершајбните.
- Сопствениците на автомобили на чии стакла се залепени фолии и налепници или тие дополнително се преправани, ќе мора да го коригираат тоа. Постои овластена институција што може да издаде сертификат за исправност. Доколку сопственикот на возилото не поседува атест за затемнување на стаклата, сообраќајната полиција може да му ги извади табличките и да го испрати возилото на дополнителен технички преглед и истовремено да му напише казна на возачот - објасни Лиза Бендевска, портпаролка на СВР-Скопје.
Автомобилите со фабрички затемнети стакла, според Бендевска, поседувале втисната ознака за хомологација, па возачите можеле да ги управуваат без никаков проблем, бидејќи фабриката ги извршила сите потребни испитувања но доколку тоа не се косело со македонските закони.
Од „Новус“, единствената фирма во Македонија што е лиценцирана да врши затемнувања на автомобилските стакла, велат дека тие само ги изведуваат работите и за тоа издаваат соодветен документ, а дека завршниот збор го дава Машинскиот факултет во Скопје.
- Законот предвидува триесетпроцентно затемнување на ветробранското стакло и на оние кај возачот и совозачот. Тотално затемнување е дозволено на стаклата на задните две врати и онаа од багажникот. Подоцна се врши атест на Машинскиот факултет и за тоа се добива документ. Затемнувањето на стаклата се прави од повеќе причини, најмногу од безбедносни. Но има и такви случаи кога муштериите од нас бараат целосно затемнување на стаклата иако тоа законот не го дозволува, со образложение дека имале проблеми со кожата и дека не смеат да бидат изложени на директно сончево влијание - велат во „Новус“.
ВЕСТ
Според промените, затемнувањето може да биде делумно, односно на задните странични стакла, како и на задното стакло е дозволена поголема затемнетост, и за тоа нема посебно пропишано правило, но предните бочни стакла и ветробранското стакло може да се затемнети најмногу до 7о отсто
Скопје врие од автомобили со затемнети стакла. Ако пред една година беше вистинска реткост да се видат возила со затемнети стакла, и тоа беше привилегија на службените возила, сега тие, практично, се секојдневна глетка.
До пред два месеца, законската регулатива предвидуваше единствено минимално фабричко затемнување на стаклата. Само така автомобилите можеа да поминат на технички преглед и да се регистрираат, а притоа сопствениците да бидат казнети за затемнувањето.
"Кога пред три години отидов на редовен технички преглед за регистрација на автомобилот, ме вратија бидејќи сум имал заштитни фолии. И покрај дозволата, издадена од МВР, за затемнување, сепак, ми беше наложено да ги извадам бидејќи немаше да ме пуштат на технички. Не се сеќавам колкави беа тогаш казните, но сепак не беа мали. Сега, пак, нема никаков проблем. Комотно можеш да си возиш со затемнети стакла. Се разбира дека тоа нема да биде целосно затемнување, но сепак до висок степен", вели жител на главниот град.
Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека се направени измени во Законот за безбедност и оти повторно е дозволен одреден степен на затемнување на стаклата. Затемнувањето е делумно, затоа што целосното затемнување на стаклата сe уште е е забрането. Степенот на затемнетост на стаклата се одредува со А-тест од Машинскиот факултет во Скопје.
"А-тестирањето се прави кај нас на Машинскиот факултет. Со помош на апарат, се одредува степенот на затемнетост на стаклата на возилата. На задните бочни и на задното стакло е дозволена поголема затемнетост, и за тоа нема посебно пропишано правило во Законот за безбедност. Но за предните бочни стакла и за ветробранското стакло е одредена затемнетост до 70 отсто" ,објаснуваат од Машински факултет.
Тие додадоа дека затемнувањето е најчесто со фолии кои фабрички се лепат уште во производството на автомобилите. Од Машинскиот факултет објаснуваат дека по А-тестот надлежното Министерство ја издава дозволата за степен на затемнување. (Љ.С.)