Емисиите на Discovery Channel

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Вчера во 3/4 сабајле се загледав во 2 емисии кои ги даваа една по друга. Првата се викаше нешто слично на 100 things to do before you die со еден тип кој отткако близок му починал, напишал bucket list со 100 работи и започнал да ги прешкртува од листата. Не ја фатив од почеток, а тоа што го изгледав беше правење на тетоважа, преживување 7 дена на пуст остров и боксување со професионалец. Интересна емисија која можеби ќе ви даде поинаква перпектива на сопствениот живот, монотонијата, потребата за храброст, итн.

Другата се викаше Death Row: The Last 24 Hours. Оваа емисија посветена е на процедурата за последните 24 часа од животот на осуденик на смртна казна. Повеќе личности поврзани со ова дело (судијата коj го дава потписот за одобрување на смртната казна, полицајците во затворот кои го водат затвореникот, свештеникот кој се труди да му даде утеха на затвореникот, егзекуторот, итн) го раскажуваат секој најмал дел од оваа процедура, меѓу што даваат интересни факти од типот на: постојат повеќе начини на извршување на смртна казна (инекција [најпопуларна], гасна комора, бесење, стрелање, итн) и во повеќето држави во Америка дозволено му е на затвореникот да го избере начинот со кој сака да умре.


Секако, раскажуваат и за последниот оброк на затвореникот. Во различни држави постојат различни цени колку може да е скап оброкот, од 40$ до 15$, а пак во некои затвори му го даваат оброкот кој вообичаено се служи тој ден во затворот. Најчест биран оброк е чизбургер со помфрит.


Во текот на оваа емисија која трае 42 минути, ни ја објаснуваат процедурата одбројувајќи го секој час стигајќи до завршниот момент, кој е објаснет детално. За заинтересираните еве ја целата емисија: