Discovery Channel е американски телевизиски канал кој нуди документарни програми фокусирани примарно на науката, технологијата и историјата. Мене ми е еден од поомилените канали и секогаш станувам зависна од емисиите кои ги даваат. Една од емисиите која ја пратам со години е Mythbusters. MythBusters е научна забавна тв програма во која нејзините водители Adam Savage и Jamie Hyneman заедно со својата екипа, користат научни методи за да ја тестираат валидноста на разни митови, гласини, филмски сцени, интернет видео клипови, вести и приказни. Ја обожавам оваа емисија бидејќи шармантните Адам и Џејми секогаш имаат интересни митови и методи за решавање. Ми се допаѓаат нивните иновативни и забавни идеи со кои ги решаваат "случаите". Од поновите емисии најинтересна ми е You Have Been Warned. Во оваа емисија екипа стручни лица ја откриваат научната страна на разни интернет клипови со аматерски експерименти, акробации и пронајдоци. Емисијава ја препорачувам бидејќи има доста интересни работи да се видат што ќе ве вчудовидат и насмеат. Дали често го гледате овој канал? Кои емисии ви се омилени и зошто?
доста често го гледам каналов,но искрено појма немам која емисија како се вика,дискавери и национал географик ми се омилени,во последно време ме заинтригира и да винчи каналот... секоја емисија од која можам да научам нешто ново за мене е право уживање
Кога бев средно ги гледав Brainiac, How it's made и Time Warp, едно време дури и ги снимав за да можам да ги гледам кога сакам. Myth Busters понекогаш ги гледав, ама повеќето од емисиите не ми се свиѓаа затоа што експериментите, методите и заклучоците си ги тераа по свое.
Brainiac - дефинитивно една од најдобрите емисии што ја имаат давано. Колку работи имам научено од таму, особено некои банални и смешни од типот, кој cereal најтешко се мие, кој благ намаз (мармалад, крем, мед) е најлеплив, итн итн. Или оние кратките информации со медицинската сестра.
Кога и да се заинтересирам за тоа кај ми е Бившиот, уклучувам Дискавери, гледам мајмун, гледам дека јаде банана и е среќен ..
Има една предобра емисија за луѓе со "моќи", се вика Stan Lee's Superhumans. Во секоја епизода даваат по неколку личности од светот, кои имаат некоја посебна способност, на пример поголема брзина, поголема физичка сила, способност за јадење стакло, предвидување во сон, одржување на температура и сл. Имаат снимено 2 сезони и еве погледнете неколки клипови, баш ме интересираат мислења и впечатоци:
Прв пат гледав How it's made и се чудам како сум можел досега да не ја видам емисијата. Предобра е, доста работи може да се научат. Во епизодата што ја гледав правеа свирчиња за довикување на птици, мајонез, жилет и рачки на брич
Само што изгледав 2 епизоди од емисијата на Bear Grylls, наречена Worst-Case Scenario. Премногу ми се допадна, типична емисија на Грилс поврзана со преживување, само што оваа е со секојдневни ситуации. Овие 2 што ги фатив беа за: првата за несреќа со велосипед на планина и за ситуација каде што некој ве брка, а втората беше за ситуација каде што агресивен возач ве прати и стампедо на испаничарена толпа во ноќен клуб. Една емисија кога ја гледам доста често е Baggage Battles. Иако ми изгледа фејк, интересна ми е. Станува збор за четворица специјалисти за вредни предмети понудени на аукција, кои откупуваат изгубени персонални работи со цел да ги препродадат и да направат профит.
Започна уште една интересна емисија. Сите што ја сакаат психологијата и социологијата, оваа емисија е права за вас. Се вика Head Games. Изгледав една епизода и останав импресионирана. Во оваа емисија се разработуваат разни ситуации со различни услови и се прати реакцијата на луѓето. За пример ќе ви ја раскажам една од проблематиките: на пруга оди воз на кој му се расипуваат кочниците; на истата таа пруга подолу, во спротивна насока идат петорица; во близина каде што се наоѓаш ти има рачка со која би ја сменил насоката на пругата, а со тоа и возот, но подолу по таа пруга, иде работник; дали би ја сменил пругата и би спасил петорица за еден човек?; повеќето луѓе нормално би ја смениле пругата со оправдание - подобро 1 одколку 5; но имаме уште едно сценарио: возот иде кон петорица луѓе; можете да ги спасите само доколу работникот кој се наоѓа го бутнете на таа пруга и така ќе застане возот; дали би го бутнале работникот?; повеќето луѓе велат дека не би го сториле тоа; истата ситуација, поинакви услови... што се случи? промената е во односот, работата станува лична, во првото сценарио станува збор за некој си работник кој не го гледате, а во второто се соочувате со него. Останатите ситуации во емисијата наликуваат на оваа, ве тераат да размислувате и воедно, учите повеќе за човекот.