Его

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Сѐ шо ни делиле, ни го делиле со причина :D Не верувам дека постои било која карактеристика или делче,парче,што и да е, од личноста на човекот која е непотребна или без која би функционирал подобро (зборам општо,во однос на присутноста на истите, а не во однос на нивниот интензитет, оти интензитетот е друга тематика и најчесто важи она - сѐ е океј ако е подалеку од крајните вредности).
Би рекла егото е механизам за самоодбрана, колку од другите,толку и од самиот себе. Добро е да го има, за да може да стапи на сцена тогаш кога некој аспект од нашата индивидуалност е доведена во прашање (заради било која причина).
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Егото итекако управува со умот.
Некогаш делува свесно,но доста често и несвесно.
Егото е позитивна карактеристика,доколку се користи умерено и свесно,во сите други случаеви е негативен.
Егото најчесто делува во ситуации кога се осекаме немокно,па се користи погрешно како наводно одбранбен механизам.
Апсолутно погрешно.
Можеби грешам но егоизмот е нешто поинакво од егото.
Егоизам-Себичност.
Заедничкото измегу его-егоизам е тоа што е погрешен одбранбен механизам.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Егото е животинскиот дел од човекот за чие постоење храната е битен сегмент.
Не постои човек без его,разликата е во тоа што исто како кај животните постојат мили и кротки,но постојат и крвожедни со еден збор кажани ѕверови.
Без разлика која опција ја имате егото е видлив одраз во огледалото на самите себе,преку него постоите во семејството и општеството,карактеристики со сте препознатливи.

Егото само посебе како и секој животински истинк,доколку неговото постоење е загрозено може да ги менува своите особини со цел да го задржи своето постоење.Може да се каже дека понекогаш функционира со маска позади кој се крие со цел полесно да дојде до својата храна.Негови карактени особини може да се каже дека се самобендисаноста,себичноиста и горделивоста,но и спротивните особини.Неговот постоење е резултат на дуалниот живот во кој постои човекот.
Јас сум тоа што сум е еден добро кажан цитат каде егото го изгубило својот облик и дозволува да биде обликуван и креиран останатите,со што и понатака го задржува своето необликувано потоење,но и дозволува да биде с'е што и да помислиме за него,со што ни дава слика да се видиме самите какви сме.Сметам дека тоа е врвот од егото,да се криеш за да бидеш откриен.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and melpomena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Егото претставува идентификација со формата.
Пронаоѓањето на своето јас во некоја одредена форма.
Формите не се само материјални предмети и физички тела,нешто многу
поефективно од надворешните форми(предмети и тела) се формите на мислите.
Тоа се енергетски информации,наречени форми.
Она што ние го слушаме како глас во главата,она кое никогаш не престанува да зборува е струјата на мислите.
Кога секоја мисла ја добива нашата потполна внимателност,кога се идентифицираме со гласот во главата и од него пропратените емоции и со тоа автоматски се губиме во секоја од тие мисли и чувства,сме потполно идентифицирани со формата и егото не држи под своја контрола.
Егото е композизија од мисли кои постојано се повторуваат и ментално-емотивни шеми кои му подлегаат на зборчето јас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Нешто интересно околу егото..
Интервју во шоуто на Опра Винфри
со спиритуалниот Зен учител и воедно психолог Екарт Толе..
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Хм. За мене егото е внатрешниот глас кој насабајле ми вика „Не станувај да отидеш на предавања„, „Откажи го денешноит тренинг и легачи и тн и тн....„ Внатрешниот глас тоа не сме ние. Ние сме да го победуваме цело време, а тој ќе се појавува секогаш, битка е колку ќе го пуштиш да оправува со тебе, или ќе го контролираш, зошто може да направи многу проблеми со пријатели, сакана личност и тн.
Секој човек го поседува неможе да се отстрани, но тој ни е мотивација за сите негативни мисли, предрасуди, ограничувања да се ослободиме од нив и оствариме својот потенцијал за кој дури ни самите ние не знаеме дека го има во нас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena