Малку касниме со темава ама ете да отвориме да си поправиме муабет кој милува 
Првенството годинава се одржува во Хрватска проследено со низа организациски скандали кои траеја до самиот почеток на првенството.
Како и вообичаено, 4 групи по 4 репрезентации во првата фаза од кои првите три продолжуваат во втора фаза. Втората фаза се формираат две групи по 6 репрезентации (А+Б, Ц+Д) во која според прикажаното од претходната фаза се пренесуваат бодови и потоа се вкрстуваат екипите.
Последната фаза е борбата за медалите и 5-то место, првите две екипи во групите од втора фаза играат полуфинале, третите борба за петто место.
Првата фаза помина, сега се играат натпреварите од втората фаза. Македонија влезе како лидер во својата група и пренесе три бода со што беше и лидер во групата за втора фаза. Вечерва е првата утакмица против Шпанија па потоа на 23-ти и 24-ти против Данска и Чешка.
КОи се вашите прогнози и очекувања?
На клупата го имаме моментално најдобриот тренер Ел Команданте Раул Гонзалес кој одлично ги познава, па можеби и шансата за медал е токму преку Шпанија за кои имаа речиси 4 дена одмор.
Моето мислење е дека можеме да стигнеме до полуфинале и да се замешаме во борба за медал. Очекувам Франција која игра без Омеје да биде првак без изгубена утакмица.