Европско првенство 2018 Хрватска |ракомет мажи|

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
Малку касниме со темава ама ете да отвориме да си поправиме муабет кој милува :)
Првенството годинава се одржува во Хрватска проследено со низа организациски скандали кои траеја до самиот почеток на првенството.
Како и вообичаено, 4 групи по 4 репрезентации во првата фаза од кои првите три продолжуваат во втора фаза. Втората фаза се формираат две групи по 6 репрезентации (А+Б, Ц+Д) во која според прикажаното од претходната фаза се пренесуваат бодови и потоа се вкрстуваат екипите.
Последната фаза е борбата за медалите и 5-то место, првите две екипи во групите од втора фаза играат полуфинале, третите борба за петто место.

Првата фаза помина, сега се играат натпреварите од втората фаза. Македонија влезе како лидер во својата група и пренесе три бода со што беше и лидер во групата за втора фаза. Вечерва е првата утакмица против Шпанија па потоа на 23-ти и 24-ти против Данска и Чешка.

КОи се вашите прогнози и очекувања?
На клупата го имаме моментално најдобриот тренер Ел Команданте Раул Гонзалес кој одлично ги познава, па можеби и шансата за медал е токму преку Шпанија за кои имаа речиси 4 дена одмор.
Моето мислење е дека можеме да стигнеме до полуфинале и да се замешаме во борба за медал. Очекувам Франција која игра без Омеје да биде првак без изгубена утакмица.
 
  • Like
Реакции: Makedonec

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,466
1,185
1,133
Јас сфаќам дека не скапаа Шпанија, ама претходните игри ни беа супер. Македонски народ, еднаш губат и одма серат како спортистите биле неписмени и како за ништо не ги бива.
 
  • Like
Реакции: MoonFairy and violetmoon

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,658
5,737
1,153
Со Шпанија катастрофа, аииии не ми се гледаше утакмицата искрено. И не е одма да плукаме ама болеше играва.
Ај што губеа си губеа туку они бре се изгубија скроз на теренот, топка не знаеја да задржат во рака. И напад и одбрана не им појдоа, ги згазија, не можеа играч да задржат а претходно многу поголеми од нив ги решаваа.
Прво полувреме ужас од едвај шест реализирани удари, второ полувреме подмладокот малку ја живна играта а и Митровски се покажа на голот.
Не знам што им бидна али тоа е што е идеме напред.
Првата фаза беа и повеќе од одлични, па ете имам некоја надеж дека со Чешка и Данска ќе биде подобро.
Како и да е ќе си навиваме и вечер, напред Македончињаааа(party)(party)
Само не вака:D:D:D

  • Like
Реакции: Prashina

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
Шпанија која го повика Арпад Штербик, мајсторот за финалиња, го освои шампионатот. Данска остана без медал, Франција со само еден пораз трето место иако се најдобра екипа која имаше еден лош ден.
Утеха за Македонија е дека беше прегазена од шампионот. Завршивме како 11-то место и сега следно е бараж за светското наредна година против Романија кои се познат противник и не смеат да се потценат.

На турниров некако мене најмногу ми потфрлија германците, ко да се шлепаа на стара слава и мислеа дека ќе им се предадат сите.

Overall првенство проследено со скандали и за прв пат ВАР во ракометот што според мене не е баш корисно затоа што ако судии на 40 m не можат да проценат ситуации поарно и да не судат.
Червар имаше изјава после првенството дека време е во ракометот да се воведе временски интервал за напад како во кошарката. Колку и да не го почитувам како човек и тренер изјавата му е баш на место.
 
Најмногу очекував од Германија, Шпанија и Данска, сите ми ги исполнија очекувањата освен Германија. Немциве дури ме изненадија колку слабо играа.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
4,725
5,266
1,183
Disco
Јас сфаќам дека не скапаа Шпанија, ама претходните игри ни беа супер. Македонски народ, еднаш губат и одма серат како спортистите биле неписмени и како за ништо не ги бива.
Па и не се далеку од вистината оние кои тврдат дека профи спортистите се полуписмени, некои се тотално неписмени, имаше еден лик од Шпанија кој играше две сезони во Ливерпул и успеал да научи само три збора на англиски, појавата му беше таква да просто еманира тупост (party)
Е сега во ракометот е тоа уште повеќе изразено затоа што таков е спортот, се базира на неинтелигенција...