Да ги пишевте групите да го е*ам
Иначе, навивам за Шпанија од поодамна. Не од кога се освоија ЕП2008 и СП2010. Ама не верувам дека можат да го освојат и ова ЕП зошто едноставно ќе биде премногу. Затоа како прв фаворит според мене се Германците. Имаат фантастичен млад тим, и можат да ја изреметат секоја репрезентација која е учесник на првенствово. Втори ги ставам Холанѓаните кои ова Европско со овој состав слободно можам да кажам дека им е последно, зошто за наредното ќе бидат далеку од формата а и нели ќе бидат остарени. Тоа дека им е последно, може да им иде како мотив да го освојат. Шпанците ги ставам како трети, иако и тие се исто како Холандија. Не верувам дека Чави, Иниеста, Алонсо, Торес и ред други играчи ќе бидат во составот за СП2014, а камоли за ЕП2016. Тоа ми се трите најконкурентни репрезентации за освојување на првенствово. На Франција, Англија, Италија и Португалија не им давам некои големи шанси ни да го поминат полуфиналето и тоа е многу ама ај, затоа што репрезентациите им се каша попара. Французите знаеме што се деси на СП2010, кога се испокараа цела репрезентација. Ама пак сеа Бензема е во форма, Скарфејс
ГоспоТ како си ме насмеал
исто така и тој е во одлична форма, па тука се и Насри, Менез, Мвила, Реми и ред други одлични играчи. Од сите овие четири репрезентации Французите ги ставам на највисоко место. Англичаните не верувам дека ќе направат нешто без Руни, кој е суспендиран и нема да ја одигра ми се чини цела фаза во групи што е. Италијанците на чело со Балотели.. овие пак неможеш да ги погодиш. Никој не очекуваше да го освојат светското 2006та, така и тука. Може да стигнат и до полуфинале, а можат и во групи да испаднат. Португалија ако се потпира пак само на Роналдо нема ни групите да ги помине.