Духови

Дали верувате во духови?

  • Верувам/Имам видено

    Гласови: 47 61.0%
  • Не верувам

    Гласови: 28 36.4%
  • Не сум сигурен/на/Ќе објаснам подолу

    Гласови: 2 2.6%

  • Вкупно гласале
    77

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Според традиционално верување дух претставува душа или дух на починато лице или животно кое може да се пројави во видлива или друга форма, пред живите луѓе. Има разни описи за пројава на духовите: Начинот на пројавувањето може да варира од едно невидливо присуство, проѕирна или шумовидна форма, па се до реални луѓе прикажани како визии. Обидот да се повика дух на почината личност е познат како црна магија, или во спиритизмот како „сеанса“.
Верувањето во пројава на духовите на умрените е широко распространето, и датира од анимизмот или од обожувањето на предците опишано во постарите книжевни култури.Одредени религиозни ритуали - погребни обреди,егзорцизми,одредени ритуали на спиритизмот и обредната магија се специјално смислени за да се смириат духовите на мртвите. Духовите се обично опишани како осамени суштества кои прогонуваат одредени места, предмети или луѓе кои биле дел од нивниот живот, преку приказни за армии од духови, возови со духовен облик, бродови со духовен облик, па дури сеспомнуваат и духовни животни и броеви.
Дали верувате во духови и зошто?
Видеа, слики, стории слободно постирајте.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Не верувам во духови. Поимот "дух" не го поистоветувам со поимот "душа" и сметам дека духовите се измислени појави, ако така можам да ги наречам. Според мене, после смртта нема ништо, нашата "душа" едноставно изчезнува и ми нема логика дека се манифестира како дух.
 

Marinna

Староседелец
13 април 2012
119
160
1,043
Дали верувате во духови? Дали ви се случиле некогаш паранормални активности? Дали сте пробале да контактирате со нив?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno and 84 sk_Y ^_-

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Дали верувате во духови? Дали ви се случиле некогаш паранормални активности? Дали сте пробале да контактирате со нив?
:D знаев дека ќе ја отвориш темава, кога те видов во рандом факти дека пиша последно :D
Инаку не .. не верувам во такви нешта.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sweetgirl1605

Marinna

Староседелец
13 април 2012
119
160
1,043
Мене повеќе пати ми се случиле некои паранормални актиности. Еднаш го изгаснав мониторот (зошто јас кога го гаснам компјутерот го гаснам и мониторот) и после седнав на креветот, и посоле едно 2-3 минути мониторон и компјутерон ми се уклучиа сами.... Еднаш кога бев во тоалет (ги миев рацете) бричот кој беше поставен на држач за брич самиот се крена и падна, и потоа повторно се крена и повторно падна. Еднаш телевизорот сам ми се уклучи....
Еднаш додека јадев вратата од кујната сама се отвори, јас ја затворив, ама после пак се отвори и ја оставив.
Еднаш ко ја сликав дневната се фати дух на сликата -.^
 

Varosanec

Староседелец
27 мај 2012
67
24
1,008
38
На клупата крши дујкан
Ех духови, дали некој има преседено покрај гробишта ноќно време цела ноќ да неспија?
Јас например го имам тоа направено цела ноќ седев на викендица која е 250м одалечена од гробишта а да биди уште поморничаво дента имаше пресен гроб, па вечерта немаше ништо така да јас неверувам во духови досега па ни отсега.
Кој се плаши од духови нака повели со мене на викендица цела ноќ че седиме и че пијаме до гробишта.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sweetgirl1605 and alba