Документарни филмови

Хоуп*

Proton
Член на администрација
4 април 2013
2,414
4,232
753
Приказна за животот, смртта и смртната казна.
Разговор со осуденик на смрт и со семејството на неговите жртви....
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,752
2,574
1,683
Han Wavel
http://www.imdb.com/title/tt1533395/
http://www.imdb.com/title/tt1380596/
http://www.imdb.com/title/tt0795176/

Барав пред некој ден документарци за гледање кога ќе ми е досадно и ги симнав овие 3, најдов уште неколку слични на овие ама ме мрзеше да ги симнувам :zelen. Мене ми се допаѓаат вакви иначе, супер се за тепање време а и може да се научат доста интересни работи. :)
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Milton Glaser: To Inform And Delight (2008)

Одличен документарен филм за легендарниот графички дизајнер Милтон Глејсер, каде што тој самиот разговара за својата уметност почнувајќи од почетоците во неговото детство, сите работи кои влијаеле врз него, сите идеи и транформации, создавањето на New York списанието, сите работи во кои се има вмешано и креативно изразено.


Picasso And Braque Go To The Movies ((2008)

Во овој документарен филм прикажано е како раните филмови на почетокот на 20-тиот век влијаеле врз Пикасо и Брак и нивниот кубизам. Никогаш до сега немам сретнато дека филмот игра улога во нивната уметност, а во овој филм има многу интересни информации.

 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
The Universe of Keith Haring

The Universe of Keith Haring.jpg

Кит Херинг е мојот херој! Мојот идол! Живеел краток живот, но постигнал се што посакал. Преселување во NYC и споро, но сигурно издигнување на врвот на модерната уметност и славата. Посакал да создава уметноста насекаде низ светот - тоа го сторил. Посакал да стане позната личност - тоа го сторил. Посакал да има неограничен хомосексуален живот - тоа го постигнал. Ми се допаѓа неговат уметност преполна со енергија и позитивни вибрации! Ми се допаѓа неговиот оптимизам во животот! Ми се допаѓа неговиот став во животот! Ми се допаѓа неговата добродушност и желба за усреќување на луѓето низ светот! ЛЕГЕНДА !!!


П.С. Колку личи на Mac Miller, тоа е чудо.

Who The Fuck Is Jackson Pollock?!

Хмммм, интересен документарец... Една жена купува слика за 5$ која можеби е дело на познатиот Џексон Полок. Додека ги слушаме двете страни на возможната вистина, дали тоа дела е негово или не е, ја пратиме суровата реалност за проценувањето и препродавањето на уметничките дела денес.

 
  • Like
Реакции: Aristokrat

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Колку добар документарец! Во принцип, ова е само основата, опфатени се поважните уметници од 20-тиот век, за сите по малку. Доколку некој не е претерано многу упатен, а сака да дознае повеќе за модерната уметност, ова е добар почеток.

 

Ice_Man

Староседелец
16 февруари 2012
440
236
1,053
Последно што гледав,како се градеше Америка..од крајот на граганската војна ,за железницата,Рокфелер,Карнеги-кралот на челикот,Едисон и Тесла,Форд ....

 

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
692
1,103
Не гледам често, обично кога ми е досадно или кога сум заморена од сериите :) Food.Inc одамна го гелдав, некои за 9/11 имаше шо ги гледав, Deep Web го гледав пред еден месец, а сега планирам да го гледам Diving into the unknown: http://dokumentarnifilmovi.net/ljudi/diving-into-the-unknown-2016/