Доктори-практиканти

She's a maniac

Нов член
23 август 2012
4
2
3
34
Не можам да ја контролирам секоја една активност на докторите од причина што немам никакво познавање од медицината (во стилот не толку ефикасен лек , не дај боже погрешен ...) ама работата на стоматолозите прилично секој може да ја контролира. Е кога станува збор да одбирам стоматолог , сум пребирлива , строга и децидна во одлуката што ја носам, без разлика дали ми е комшика, другарка или мајка.Точно е дека никој учен не се родил , ама и јас не сум лабараториски глушец.
Лично имам сменето стоматолог со висок рејтинг , поради негов пропуст во работата. На крајот на краиштата сепак станува збор за сопственото здравје , за кое постојано велиме дека е најбитно...
 

She's a maniac

Нов член
23 август 2012
4
2
3
34
What? Може да ми го појасниш ова?
На стоматолог си бил , одиш и ќе одиш и затоа горе доле знаеш дали си задоволен од истиот , така да можеш да ја "контролираш" неговата работа : од аспект на задоволен/не задоволен мислев.
 

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
За да ја почнам темава ме испровоцира една девојка,иден стоматолог,која што пред некое време ми правеше заб. Си одам јас со мали болки во забот кај мојата заболекарка,кога таму гледам една комшика која што дошла на пракса кај неа. Им го објаснив проблемот и докторкава и вика на неа,земи среди ја јас да си го испијам кафето.А девојкава патем,на крајот од своите студии. Ај што беше груба и што ми направи ранички на устата нема врска тоа...пострашно е што после 2 недели забот почна да се рони,парче по парче да паѓа,за на крај да остане само дупка. И сега пошо ми е комшика практиканткава дури ми е непријатно да отидам на забар и да и речам на докторката еј земи ти да ме работиш немам доверба во неа..
adoption-3.jpg

Муабетов ми беше,
Колку вие сакате вашиот преглед или интервенција при некој проблем,да го прави некој студент кој што се учи на пациенти како вас?
Дали имате доверба во истите? Или знаете да кажете на докторот да си ја превземе работата а практикантот да си набљудува од страна?
Што мислите,дали е во ред таквиот начин на стекнување искуство?Да бидете т.н.експериментално глувче за некој обид?
Како да отидеш на фризер и да дозволиш некој да те шиша,а има познавање само од книгите во школо?
Мене ми настрада забот,но кај некој друг доктор можеби и нешто друго може да настрада заради незнаење на студентот?
Можеби имаме и формуџии медицинари,кои можат да го дадат своето мислење на оваа тема.

Јас воопшто немам доверба како прво во самите доктори.Колку сака факултети нека има.А камоли на практикант.Штета што морам да одам на лекар, да е до мене би се лечел со билки.
А инаку ти си крива во твојот случај.
Твоја матична? Да? Епа тогаш ќе и кажеш докторке ве молам вие, јас дојдов кај вас.Ако она не сака кафето да и се олади, тогаш постојат други заболекари.Не си ни прва ни последна.Кога се работи за здравје твое тогаш секогаш треба да си го одбереш најдобриот лекар.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mila Kunis

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Немам никаков проблем практикант да „експериментира“ на мене. Не ми се случило само еднаш туку повеќе пати. И не само на заболекар.
Тоа е можеби затоа што првиот пат имав многу добро искуство со практикантот. Беше девојка, и заразлика од мојот матичен доктор, беше многу понежна а квалитетот со кој што ми го направи забор. Еве се покажа до денес, а од тогаш минаа можеби 2 или 3 години. Наспроти тоа имам и едно лошо искуство. Ми земаше крв практикант, 10 дена одев модар во вената :) Ама, не се вонемирив ниту налутив.
Имам близок човек што исто така е практикант па можеби поради него почнав да бидам толку „разбирлив“ на овој план.

Треба да им се даде 5 напред на практикантите. Бидејќи ако не им се даде нема да го стекнат потребното искуство, а старите и искусни доктори, се сепак стари, и нема да има кој да ги замени.
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Не сум била до сега во ваква ситуација, некој практикант да работи на мене, но доколку се најдам во таква ситуација искрено не би дозволила тој да се пракса на мене... од кај го знам каков е, што може да ми направи, си има тој роднини, пријатели на нив нека ги работи, мене не, страв ми е :D
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Не сум била до сега во ваква ситуација, некој практикант да работи на мене, но доколку се најдам во таква ситуација искрено не би дозволила тој да се пракса на мене... од кај го знам каков е, што може да ми направи, си има тој роднини, пријатели на нив нека ги работи, мене не, страв ми е :D
Тогаш значи тој практикант кога ке стане лекар треба да си ги лекува само роднините?
Тешко на сите нас кои немаме доктори роднини за секој дел од човечкото тело.
Нема зошто да се плашиш,јес да има шанси да погрешат но немора да значи,се си зависи од човекот и како тој практикант стигнал до таму.
Некогаш практикантот може подобро да ја заврши работата и од самиот лекар кој едвај чекал да му дојде практикант за тој колку ради обврска да оди на работа.
Практикантот сакајки да се докаже би внимавал на се.
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Тогаш значи тој практикант кога ке стане лекар треба да си ги лекува само роднините?
Тешко на сите нас кои немаме доктори роднини за секој дел од човечкото тело.
Нема зошто да се плашиш,јес да има шанси да погрешат но немора да значи,се си зависи од човекот и како тој практикант стигнал до таму.
Некогаш практикантот може подобро да ја заврши работата и од самиот лекар кој едвај чекал да му дојде практикант за тој колку ради обврска да оди на работа.
Практикантот сакајки да се докаже би внимавал на се.

во право си од некоја страна, ама да го дозволам тоа, не знам, не сакам, самата помисла ме плаши :D
 

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
35
Неготино
не дека сум јас од озборуваната страна ама баш би сакала јас да коментирам на оваа тема.јас сум практикант и досега никогаш не сум згрешила во проценката и во односот и начинот на лекување со моите пациенти.доза на несигурност и возбуда да не згрешам ДА-достоела,ама тоа не сум го покажала никогаш.се случило неколку пати дури и повеќе да внимавам на пациентите од искусните доктори кои ми се мене ментори.многу пати се покажале моите теории и размислувања за лекувањето дека држат вода и се успешни за разлика од нивните.е сега да не се преценувам и фалам но сепак заради моите колеги кои се миленичиња и деца на познати доктори ние да речам подобрите практиканти сме вербално осакатени.верувам дека многу народ страдал и ќе страда за таквите како нив,ама луѓе нашето општество тоа го дозволило-сега сами ќе си го кркаме
не е убаво праксата да ја изведуваме само на свои луѓе-тоа ни најмалку не е лесно и чесно,утре ден јас ќе бидам доктор за сите а не само за моите најблиски.не дека не,досега ги имам прегледано сите мои роднини и пријатели,за нели најпрво на нив да се испраксирам,но сепак мора и на други да се учеме.
вашите доктори еден ден и тие биле практиканти,затоа не се за потценување
и доколку јас би била,а досега неколку пати сум била би дозволила практикант да се учи на мене,на некој мора! (nod)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Farfalla