Доктори-практиканти

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
За да ја почнам темава ме испровоцира една девојка,иден стоматолог,која што пред некое време ми правеше заб. Си одам јас со мали болки во забот кај мојата заболекарка,кога таму гледам една комшика која што дошла на пракса кај неа. Им го објаснив проблемот и докторкава и вика на неа,земи среди ја јас да си го испијам кафето.А девојкава патем,на крајот од своите студии. Ај што беше груба и што ми направи ранички на устата нема врска тоа...пострашно е што после 2 недели забот почна да се рони,парче по парче да паѓа,за на крај да остане само дупка. И сега пошо ми е комшика практиканткава дури ми е непријатно да отидам на забар и да и речам на докторката еј земи ти да ме работиш немам доверба во неа..
adoption-3.jpg

Муабетов ми беше,
Колку вие сакате вашиот преглед или интервенција при некој проблем,да го прави некој студент кој што се учи на пациенти како вас?
Дали имате доверба во истите? Или знаете да кажете на докторот да си ја превземе работата а практикантот да си набљудува од страна?
Што мислите,дали е во ред таквиот начин на стекнување искуство?Да бидете т.н.експериментално глувче за некој обид?
Како да отидеш на фризер и да дозволиш некој да те шиша,а има познавање само од книгите во школо?
Мене ми настрада забот,но кај некој друг доктор можеби и нешто друго може да настрада заради незнаење на студентот?
Можеби имаме и формуџии медицинари,кои можат да го дадат своето мислење на оваа тема.
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
абе се пронајдов на некој начин...имам матичен заболекар и сеа толку години се занимава со забиве мои, и до сеа не сум се пожалила...ама ќерка му која при крај беше со студиите, почна да работи кај него како асистент...и колку почесто идев се она ми средуваше...последен пат ко бев чистеше кариес...абе глупа глупа туупа и неупотреблива...си отидов дома забот ме искина..после другиот ден одам и викам вака и вака...коа типкаа наместо да исчисти непцата...она само поминала покрај нив,полни со крв, отечена странава...па ај пак наново....едни непца незнае да исчисти а не дај боже да земе заб да ми прави:frantic
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
И докторите некогаш биле практиканти.
И тие некаде и на некого се научиле.
Не да ги оправдувам,но тој "процес" не е од сега така,а ваљда така и ке остане.
 

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Се сложувам дека сите биле некогаш практиканти, ама брате за мои пари јас ќе кажам кој стоматолог да ми го прави забот. А ако сака да се учи, нека се учи, ама нека му понудат на пациентот бесплатно да му го направат забот.
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Се е во искуството. И тие искусни доктори некогаш не знаеле ни турбина да држат.
Јас како иден стоматолог морам да застанам малку од другата страна. Имено, кога прв пат застанав пред пациент да работам сама, толку се тресев и потев, што мислев ќе се онесвестам. Помина тремата и почнав. Полека, ми требаше повеќе време, бев внимателна, за на крај успешно да си ја средам работата.
Кога повеќе години ќе си ја практицираш браншата, се се сведува на рутина.
И многу пациенти гледаат со недоверба на студентите. Со право, ама еве лично јас се земам за пример. Знам колку се мачам, колку се трудам, и кога ќе застанам пред пациент, знам како треба да си ја завршам работата.
Друго, јас немам родители кои се влијателни луѓе, доктори, тие се обични работници од средна класа, и само ние дома што сме потесно семејство знаеме кои маки се истргани што со партиципации, книги, што со бес поради корумпираноста и врските.
Јас немам врски, јас сама си го потам газот, за утре да бидам човек. Затоа што никој утре не бара индекс.
Галените дечиња, што веќе имаат готова ординација, се токму тие што не се замараат, што веќе се им е готово и што цел живот се ранети со златна лажичка.
Малку забегав, ама секоја година одново ме погодуваат овие работи.
Муабетот ми е, има добри и лоши студенти, како и добри и лоши доктори. Вашите лоши искуства значат дека сте имале среќа да налетате на лош.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Нека учат, ама не на мене. Станува збор за заб. Ако отиде, нема враќање. Не станува збор за фризура, ти ја заебат, голема работа, ќе порасне. Сакам само мојата заболекарка да ми работи и никој друг, па дури не сакам друг и да ми ги прегледа. Повеќето луѓе имаат страв, затоа што болката во заб е една од најсилните. Поради тоа, се стекнува доверба и тешко е да премине на друг забар, а камо ли па на студент на пракса. Кога не знаеш како работи... уфф никогаш не би дозволила.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Зарем има некој кој сака да се учат на него?
Не верувам :)
Сакале нејкеле,за пари,за без пари на сите ке ни се падне бар еднаш во животот било кој лекар да се учи на нас.
Еа сега,ако сте етен среклии или парајлии тоа е друго.
Заб има уште еден,до него уште еден,да имаме срека,кога срцето и некој друг орган е во прашање да не утнат.
Не се малку и таквите случаеви.
Лута сум на докторите,дури не беше ни практикант,наводно лекар со искуство.
Да се надеваме дека грешките ке се што помалку и понефателни и без поголеми последици за нашето здравје.
Но неможам да ги разберам онаа категорија на студенти по медицина,кои се нафакаат да платат исит.
За човечки животи се работи,не за ткаење разбој.
Пак ке повторам,се трудам колку што можам да ги разберам практикантите и да го прифатам тој процес како таков.
Се до следниот Колумбо,кој ке пронајде друг начин,дел од праксата ке се одвива врз нас.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Сите тие практиканти мораат да почнат од негде.
Нормално дека никој не сака да се учат на него, па ни јас.
Имав една ситуација ама не со стоматолог, туку друг доктор.
Кога требаше да ме прегледа, и практикантите беа во ординацијата.
Али дека мене ми беше незгодно, си сакам приватност, и му реков на докторот дека сакам он да ме прегледа,и они фино лепо си излегоа од ординацијата. И нема тука љутиш, знам дека треба да учат од негде, ама како пациент мое право си е.
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Немам некое лично искуство но не сакам практиканти да се учат на мене бидејќи сигурно ќе има последица од тоа и затоа немам доверба , но од друга страна сепак мора на нешто да се учи на пример јас сум практикант и кога одев на пракса требаше да му ставам на еден пациент мускулна инекција не бев сама со сестрата бев ама пак пациентот се бунеше велеше дека не сака да се учам на него бидејќи млада сум била и ќе сум згрешела.Од една страна го оправдував но од друга страна не затоа што ако не се ние практикантите не се учиме на луѓе како ќе го стекнеме искуството? Сепак не се исти сите практиканти има некои кои имаат стручно знаење а имаат и некои ( кои се во поголем случај) кои воопшто немаат знаење кои стигнале до тоа ниво со врски е од таквите ние патиме..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Па и докторите биле практиканти секој докрот поминал преку тоа,неможеме да ги генерализираме работите,и да кажеме не треба практикантите да работат,мора да почнат од некаде?! Него мене ми е одвратен фактот што уште работат докрори кои не ги бива ! Па нема да ги бива кога пола со врски влегле да работат а тие што вредат се потиснати од споменатите.Јас имам пример со забар кој додека ми правеше заб мислам дека Господ во пижами го гледав,за среќа дојде еден практикант да работи кај него кој не го осеќав кога ми ги правеше забите...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic and Gemini