Добро утро на сите црно бели форумџии и форумџики!
Во ова ладно утро на -4 степени, затоплете се со топло кафе или чај, кој има можност и со ќебенце, помислете си на најубавото нешто што ви се случило во животот, како и на најубавото кое сакате да ви се случи, посакајте го со отворено срце, и направете се да го добиете, иако тоа се крши со принципи, става етикети, или наизглед е невозможно. Нека денот ви го обележи успехот, а насмевката да не се симнува од усните.
Среќен ден Ви посакувам!