SNOW WHITE od Astrostoper
Јас навистина не знам дали воопшто постеела ваква личност , но во секое кралство имало убави и поубави дами.
И така браќата
GRIMM ја опишале оваа типка, како чудо од лепота, кое живеело во прекрасен замок.
Нормално со балкон, ( шо го радуело тој Шејкспир и добивал добри инспирации за сценографија ама лоши инспирации за реплики), на кој често стоела и зјапала во хоризонтот, надевајки се дека ќе здогледа некој убав принц на бел коњ ( шо па бел? тоа на авторот на овој текст му е нејасно).
Типката имала два пеха и тоа:
прво
прекрaсна и сексепилна маќеа кралица и
второ
проклето зборлесто огледало, кое било неразумно искрено и не се разбирало у дипломатија
.
Сексепилната, сексиквин, често се затварала во своите одаи и поставувала постојано едно те исто прашање- ОГЛЕДАЛО, ОГЛЕДАЛЦЕ КОЈ Е НАЈУБАВ НА СВЕТОВ????
Огледалото прво прашујело-
ПАК, ПАК ЛИ ДА КАЖУЈУ? –
ДА ДА ДАААА, ЛЕПО Е ТО ЧУТИ- одговарала кралицата.
И така, да дојдеме до моментот на почетокот на конфронтацијата во прикаската , огледалото еден ден се излајало и ја посочило
личноста Б (Снежана), како лауреат на лепота за прво место на топ листа – ЛЕПОТА, и со тоа и‘ била запечатена нејзината судбина на балконска чекалка на принцои и бели коњи.
.
Кралицата нормално, сакала да ја елиминира новата MISS WORDL, и таа пак да застане на првото место на топ листата, и смислила план со некојси шумар, шо во детајли и не ми е јасен, ама се шпекулира за некои срца, јаглепки ли срнечи ли, така нешо.
За да се спаси, Снежана побегна од балконот, т.е. од целиот замок и се сокрила, замислета кај
7те мали џуџиња.
.
Е сега се мислам зошто браќата GRIMM одбрале баш џуџиња, и стигнав до психолошки заклучок, дека сакале да ја избегнат сексуалната димензија во прикаската ( иако има и некоја еротика и кај кепеците- виз порно филмови со настран карактер). Замислете да беа
7 млади шумари- па читателите во касен пубертет ќе вадеа погрешни заклучоци, зошто Снежана би сакала да замине од 7те млади шумари и да оди кај 1( со букви ЕДЕН) принц на бел коњ. За нив тоа би било како од коњ на магаре, поточно од 7 коња.
.
Но се‘ се заврши добро и прв пат е забелешано во некој запис лековитото дејство на бакнежот, кое денес го користат родителите со реплика, дај да те цунем на коленото, појќе да не боли , на зачуденоста на целиот медицински авторитет на светот.
.
шо всушност сакав да заклучам, о да…
ДЕКА УБАВИЦИТЕ НЕ ТРЕБА ДА СЕ СЕКИРААТ АКО СЕ ВО ДРУШТВО СО НЕУБАВИТЕ И КЕПЕЦИ И ДЕКА НА КРАЈ СЕКАКО ЌЕ ЗАВРШАТ ВО РАЦЕТЕ НА НЕКОЈ УБАВ ПРИНЦ СО ОДРЕДЕН БРОЈ НА КОЊИ, А ВТОРИТЕ НА РАНГ ЛИСТА MISS WORLD секогаш НАЕБУВААТ (виз лошата кралица)
тоа е се‘ што саках да кажам по оваа тема
поздрав до всите каде е да не сте