Дива, растителна храна

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Благодарам за линкот :)
Речиси сите тие тревки кои ги газеме по патишта и во двор, содржат многу хранливи состојки и се многу лековити, кога почнав да истражувам и да читам за нив се запрепастив, едноставно не ми е јасно зошто порано не сум го знаела сето тоа.
Не сум знаела ни јас, просто заради тоа шо секоја фамилија си има некој свој начин на исхрана и користење на вакви или онакви билки и ако некој од роднините или комшиите или пријателите не знае нешто плус па да се смени нешто во исхраната. Ете јас и денес ги прашував комшивките за темјанушкиве и ниту една никогаш не варела чај од нив. Креваат раменици. И како после да се осуди човек да проба? А овие „регуларните“ да ги речам, чаеви од липа, нане, боливач, планински, мајчина душица ... ги знаат и си ги користат. Ама има и граница во искуството и страв од она шо ни е ново и непроверено.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Киселица (Rumex acetosa)
kiselica, shtavel.jpg
Киселицата може да се користи како храна и како лек. Содржи големи количества на витамин ц, добра е за слабокрвност, го зголемува апетитот, ја подобрува работата на цревата, жолчката и црниот дроб. Исто така се користи во случај на дијареа, цисти, чиреви на устата и желудникот и при запирање на крварење при обилна менструација. Се користи и како лек против разни кожни заболувања.
Киселицата и покрај својата лековитост и добар вкус, не смее да се употребува често и во големи количини, а луѓето со болести на бубрезите треба да ја избегнуваат.
Инаку киселицата е вкусна храна и одлична е како додаток во јадења од друг зеленчук.

Магарешки трн (Onopordon acanthium)
magareski-trn-Onopordon-acanthium.jpg
Билката се јаде кога е многу млада, но се јадат и младите цветови кога ке процветаат или кога се во фаза на цветање и имаат пријатен и сладок вкус. Може да се подготвува и како чај.
Магарешкиот трн е бикла која се употребува како лек против болести на бубрезите и мочните канали, помага да се исчисти организмот од цисти, ја подобрува функцијата на жолчката и црниот дроб и ги зајакнува жлездите. Се употребува и како лек против болести на цревета и стомакот, за рани кои тешко зараснуваат, ја чисти крвта од маснотии и е добар борец против рак на кожата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Коприва (Urtica dioica)
1 Kopriva.jpg
Се јадат младите листови исклучиво готвени, но во народната медицина се користат и семето и коренот. Копривата е лек за чистење на крвта, против опаѓање на косата, ревматизам, треска, прекумерно мокрење, туберкулоза, бронхитис, воспаление на зглобовите, камен во бубрегот, зараснување на рани, слабокрвност, чир на желудникот, несоница, нервоза.
Исклучително е богата со белковини, јаглени хидрати, масти, калциум, фосфор, железо, витамини Ц, А, Б2 и К, каротин, пантотенска киселина и друго.

Сремуш, диво лукче, мечкино лукче (Allium ursinum )
2.jpg
Се јадат младите листови, цветот, незрелите плодови и коренот кој што подсетува на младо лукче. Се јаде свеж, добар е за во салата, но може и да се готви и да се замрзнува.
Оваа билка содржи витамин ц, етерично масло и минерали.
Одлична е за прочистување на дигестивниот систем и за прочистување на крвта, можеби е и најдобрата билка за таа намена. Има силно дејство против цревните паразити, ги спречува воспалителните процеси на цревата, го снижува крвниот притосок и помага при настинки, грип и повишена температура.
Позитивно делува и на кардиоваскуларниот систем, посебно во случаи на артериослероза, но помага и при несоница и несвестица.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Власец (Allium schoenoprasum)
3 vlasec.jpg

Уште една дива билка од фамилијата на лукчињата
Власецот се јаде свеж, сушен, готвен... се јаде стебленцето и енајчесто е употребуван како зачин или додаток во салати, чорби, супи...
Содржи витамини Ц и А , а лековити дејства сеуште не се познати.
Многу често е одгледувана и како украсна билка.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Plantago major
5 plantago major.jpg
Листовите се јадат свежи додека се млади и нежни, подоцна стануваат крути и влакнести и може да се јадат само готвени. Семето може да се употребува за правење на брашно.
Содржи многу калциум и други минерали, содржи голема количина на витамин А.
Важи за моќен антиоксиданс, има антивоспалително и аналгетско дејство.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Интересно видео за една од најраспространетите диви билки на светот која е сметана за коров, а всушност е вистинска ризница на омега масни киселини, б витамини и минерали.
Вчера откако го изгледав ова видео, приметив дека во дворот имам многу од оваа билка и два дена по ред ја јадам во изобилство. Вкусна е има вкус како на алое, листовите и се многу сочни. Може да се комбинира буквално со зекој зеленчук.
 
Последна промена:

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Освен тревките кои ни растат во двор, бесплатна храна се и бобинките кои растат низ нашите шуми и ридови. Дел од нив се многу распространети низ нашите села и голема штета е што не се воопшто ценети. Освен тоа што се многу здрави, можеби и едни од најсилните антиоксиданси кои изобилуваат со најразлични лековити својства, бобинките, доколку сами ги собирате, можат да ви заштедат многу пари ако знаете да ги искористите на вистинскиот начин.
Еве неколку од нив кои што растат кај нас
trninka.jpg

sumska-jagoda.jpg
download.jpg
glog.jpg

dren.jpg
shipinka.JPG
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki and Saladin