Како да форматирам (не да го вратам фабрички) нокиа н96? Не знам дали е до батеријата или па фатил некој вирус но забегува телефонот. Кога ќе му текне се гаси, кочи и за да ме добијат прво сум недостапна, па после е зафатено и тек од третиот пат ѕвони, а мене ме утепуваат со пораки дека ме барале пред две минути во иднината. Бев во One појма немаат, во мобилара исто не знам што да му правам на телефонот, а жал ми е да го фрлам па да пробам со форматирање може бар нешто да се поправи.