Сакам интригантна двосмисленост кажана со смисла.
Игра на зборови и фрази од кои сепак поентата наѕира, но пак го провлекува она what if прашање.
Или пак нешто ептен во завиена форма, со благ хинт што ја наговестува правата поента.
Е тоа ми е интересно да дешифрирам. И од личности кои знаат да го искористат тој талент, едноставно се навлекувам.
А вака мразам двосмислени персони т.е. не дека нив ги мразам, туку начинот.
Знаете, сега е во мода за себе да кажуваш двосмислени работи, за да оставиш впечаток на мистериозност.
Тоа бар го чув од познаничка. Уз муабет ја прашувам зашто дава такви смешни одговори и добивам одговор:
- А што ми фали вака? Најубаво така си ја кажувам вистината, а поглупиве не ме разбираат и потпрашуваат. Ти знаеш ли колку мистериозен впечаток ми имаат кажано дека оставам?...
Ти фали смисла на кажаното, сестро. А поглупите не дека не те разбираат, туку не ти враќаат на глупавоста во иста мера.
Сакам умствени игри, иако во последно време наидувам само на неодлучност која кај многумина остава впечаток на двосмисленост. И ме иритира тоа неразграничување на поимите.