Што да кажам повеќе, убавина.
Се сеќавам кога бев малечка многу често одевме во едно место, што се вика Пчиња.
Има манастир, Св. Илија.
Тоа е едно прекрасно, божествено место помеѓу шуми, планини, со воздух кој ви ги љуби дишните патишта...Со такви мириси на шумски јагоди, цвеќенца..
Се сеќавам на една чешма пред манастирот. Со кој интензитет течеше водата...само да седиш и да ја слушаш.
Тоа не се опишува, само се доживува.
А летово, веќе е одлучено, мојот летен одмор ќе го поминам баш низ Македонијава ни.
Прво на списокот ми е Берово, дури од сега си најдов престој...
Едвај чекам, ќе биде тоа вистинска тура низ родната грутка