Дај му власт - ќе му слушнеш глас

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Изгледа смешно, се согласувам дека се лопурди, ама во таа работа треба многу претпазливост, лесно е вака пред тастатура :)
Убаво си е смислена поговорката, кога ке дојдат на власт тогаш ќе ги видиме во правото светло.каков карактер и каква душа носат.Тој што знае да владее со себе а со другите разумно да разговара ќе биде добар а тој што немал авторитет цел живот и сега сака да ја искористи приликава да стане некој и нешто,ке му се слушне многу брзо квалитетот на гласот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo, Lena and Praetorian

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Ќе се земам самата за пример.
Добив нова работа,во која да речеме сум на повисока функција него останатите.Долго размислував дали да прифатам или не,кои се добри и лоши страни на сето тоа итн..
Првото нешто кое си го ветив себе си кога се согласив да ја прифатам работата е беше да останам приземна.
Во секој поглед.Било со луѓето од мојот тим,било со блиските и останатите.Нормално новата работа ми е храна за егото.Ми ја зголеми самодовербата за 60%.
Тоа беше некоја моја лична победа.Сосем друга приказна која не припаѓа овде.
Морам да признаам дека ми е секојдневен предизвик за кој сум свесна дека во некои ситуации малку фали да би ја искористила функцијата да би се поставила над останатите.Внимателна сум.
Предизвик ми е да створам одредена дистанца,меѓусебен респект,а воедно и опуштена "пријателска" атмосфера со луѓето со кои работам.
Понекогаш не се луѓето кои ја добиле таа одредена позиција оние што се менуваат туку останатите кои воопшто не се свесни за своите постапки.
Колешките со кои пред да го добијам тоа работно место секојдневно пиев кафе и правев пауза беа тие кои почнаа да ме игнорираат,да ме гледаат во стилот на"ти не си ништо подобро",
да ми префрлаат итн,иако ништо од моето однесување не се промени.Чинам многу од нив беа љубоморни(помалку или повеќе).Некои пак кои ме избегаваа или немав никаков моабет доаѓаат и ме поздравуваат правејќи ми бош моабети како да сме израснале заедно.
А јас сум истата.Каква бев пред тоа така и сега,затоа што како што наведов горе внимавам на тоа.Битно ми е,затоа што
денес имам некоја титула, утре може да завршам како чистачка,питач.Ништо не е константно.Тоа е животот.
Скромноста е битен дел од карактерот.Барем за мене така.
Тие што се дигаат заради својата функција,мислат дека се нешто подобро пд другите се лажат себе ги лажат и другите.Сељаци луѓе.Со големо Љ.
Мене кога ми се случувале вакви слични ситуации, на почетокот често сум еуфорична и не можам многу да се контролирам и искрено покажувам дека сум срекна очекувајки и блиските да се срекни поради мене, но најчесто истите знаеле да ми кажат дека веднаш сум почнала да летам во облаци. Многу често другите веднаш си наметнуваат некакви предрасуди, најверојатно од љубомора.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Јас модератор откако станав се исчуручиф, раја не може муабет да си напраи со мене, банирам и бришам постови кои не ми се свиѓаат цело време :rofl
Како лидер на секта можам да кажам дека имам скоро неограничена моќ над моите поданици а дали се задоволни не знам... госпо ако придаде, алах ако е милостив и кришна ако се разбуди од сон може да се оствари и планот за сецесија и правење нова држава. Уште ми е мака за нивата :(

Настрана сето тоа, отсекогаш ми било некако тажно самодоверба да зависи од позиција во еден длабоко болен систем... а едно време ми викаа `синко запиши се на теолошки`...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and diva orhideja

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Јас модератор откако станав се исчуручиф, раја не може муабет да си напраи со мене, банирам и бришам постови кои не ми се свиѓаат цело време :rofl
Како лидер на секта можам да кажам дека имам скоро неограничена моќ над моите поданици а дали се задоволни не знам... госпо ако придаде, алах ако е милостив и кришна ако се разбуди од сон може да се оствари и планот за сецесија и правење нова држава. Уште ми е мака за нивата :(

Настрана сето тоа, отсекогаш ми било некако тажно самодоверба да зависи од позиција во еден длабоко болен систем... а едно време ми викаа `синко запиши се на теолошки`...
Добар си ти. Гледаш јас кога ме поставија за модератор толку се дигнав што мораше даме тргнат, иначе немаше да можат да ме спуштат. :)