Дали сте спасиле живот некому?

Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
185
43
Темата може да се одвива во насока на разговор на два начина.
Едниот е обид за директен физички акт а другата е на спротивниот, односно дали вие сте влијаеле на некого што му било потребно во некој момент со вашите постапки и зборови да на некој начин го изведете на правиот пат.
Повелете, кажете ја вашата сторија за тоа.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Ако се важат животите на животните, тогаш сум спасила многу, некои трајно, некои барем на некое време живееле подобар живот.

За луѓе... не можам да бидам сигурна, сум имала другари кои што забегувале по лоши патишта па максимално сум се трудела да ги пренасочам. Некои од нив се ок сега, некои не се меѓу нас, не можам да кажам дека мојата улога влијаела, но еден период од животот многу се трудев да имам некакво влијание врз нив.

Еднаш спречив обид за самоубиство, случајно се најдов на местото на настанот повикав брза помош...

Бившиот маж е дијабетичар, имаше некаква инфекција на ногата која со недели не можеше да се сопре. Во болница ми кажаа дека најверојатно ке добие сепса за неколку часа, а во тој период во тој град се реновираше одделот за хирургија, по околните градови немаше место да го примат за да ја импутираат ногата, а нивото на шекерот во крвта беше застрашувачко, предходно не примаше инсулин, само лекарства... Тие неколку часа бев избезумена и со помош на една медицинска сестра успеавме да украдеме инсулин од други пациенти и таа ја ризикуваше својата работа и најверојатно јас ризикував да добијам тужба, но му го спасивме животот, одкако го прими инсулинот инфекцијата почна да се повлекува. Потоа најдовме начин како да го вратиме инсулинот без да не откријат...

Најверојатно, како и секој друг родител, неколку пати сум им го спасила животот и на своите деца, но тоа не се рачуна, тоа е во природата на секој родител.
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Живот онака буквално не ,али да не остане инвалид да !!
Тоа се страшни работи ,а оваа беше во лифт пред 7 години (think)
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Ако се трудиш да дадеш совет некому, особено на другарка во врска со некоја нејзина ситуација, таа само ќе ти рече дека е супер советот и ќе го направи спротивното. Не се ни трудам веќе да давам совети и да ги терам другарките да изберат што е правилно.
Пред неколку недели едно малечко дете ја пушти раката на мајка му и почна да трча кон улица. Дете како дете, автомобили еден тон, се затрчав јас и го кренав во раце. Возачот мислам дека нервен слом доживеа, за малку ќе ме удреше. Мајката остана со подотворена уста. Се шокира не можеше ни благодарам да каже. Само нека е живо и здраво малото :).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

Browny

Староседелец
20 октомври 2014
24
9
1,003
Да сум спасила.Човек ја нападна мајка ми со нож,а бевме седнати на маса да ручаме.Таква сила ми дојде што никогаш потоа ја немам почуствувано,а ниту се сеќавам како се најдов од другата страна на масата држејќи го за врат и викав,знам дека многу викав што после тоа 3 дена немав глас.
 

Ѕид на плачот

Истакнат Член
20 септември 2016
222
113
343
31
Скопје
Искрено да ви кажам, жива омалаксана сум, пред некои пет, шест дена доживеав собраќајна несреќа. Си ја удрив главата, али ок сум сега. Имам и ранички патем, не ни отидов во болница, само си дојдов дома, смирив глава, изгасив светло, затворив очи, си се напив диазепамче и да ви докажам... Излегов на пат почнав да викам, да се тресам, не знаев шо праам, ни кај сум. Плачев, молев некој да дојде буквално и да ме освести, да ми каже, смири се. Знаете, сфатив дека нема човечанство, никој не се ни потрудил да ме праша како сум. Застана една девојка, си замина, застанал еден дечко, ме погледнал само, заминал... Никој не се обиде ни да повика брза помош, нит да ме праша дали е се во ред... Посакав у моментот некој да ме гушне и да му кажам колку сум всушност среќна што останав жива, со само толкава гребаница, покрај колата што беше лом, мојата страна беше згмечена тотално. Сфаќам дека всушност ние не спасуваме животи. Се се случува по Господова волја... Ете, универзумска тајна.
 

carica

Истакнат Член
9 јуни 2018
13
1
303
Da sum spasila i onaka mi bese na bucket list i se sluci nenadejno mozese da si go izgubi zivoto ama se zavrsi srekno