Е дај де кажи какво е тоа повисоко ниво на романтика, дај ни идеја на нас помалку иновативниве.Нема шо да дели, сникерсот сега оди во две еднакви половини, шо значи исто ќе имате.
Мене не ми подариле ништо благо бидејќи мојата романтика е на повисоко ниво.
Романтиката е релативна работа, некому романтично му е чоколадото (макар и сникерс бил), некому и обична ружа од 100 денари, на другар девојката од Камп Ноу му донесе тревка кога беше на службен пат, ете тоа е трева, а тој се прерадува како мало дете.
Романтичните гестови не се ставаат на кантар за да се види кој колку емоционално тежи. Плус чоколадо Сникерс од некој кој моментално имал 50 денари во џеб, еве мене лично ми има повеќе вредност од скап накит од некој кој има милион во банка.
Ниско е да коментираш дека имаш романтика на високо ниво. Уште пониско е да се потсмеваш на нечиј гест кој сигнлизира љубов.