Дали да молчам или да и го скршам срцето?

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
А да ја прашаш хипотетички... онака уз муабет...
Дали би сакала да и’ каже некој нешто такво или подобро би и’ било да не знае...?
 
corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Мое мислење е тоа дека доколку сакаш да и кажеш за случајот,опасно е дека погрешно ќе бидеш сватена,како што кажа ,,маја,,ако е длабоко заљубена,нема шанси да те разбере како што сакаш ти да бидеш разберена(добронамерно)колку да и мислиш убаво,сепак погрешно ќе те раазбере.КОлу што повеќе заљубена толку повеќе заслепена,таа ќе биде шокирана од она што ќе го слушне од тебе,и полесно ќе и биде да не ти поверува,со цел да не го изгуби,и така лесно ќе бидеш одфрлена од нејзиниот живот,а таа слепо ќе му верува,и ќе продолжи со него на ист начин со животот..Тоа го напишав од лишно искуство,од моја другарка.Не играј си со твоето другарство.:nah
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Комплицирано,ни малку лесна и многу зеабана ситуација во која ти ќе го извлечеш подебелиот крај пробувајќи да си ја заштитиш другарка ти.
Пред неколку години и јас бев вовлечена во нешто слично на ова само кај мене беше уште пострашно.
Ми се пушти дечко на моја братучетка со која одеа 4 години а освен тоа се дружевме постојано со нив.
Не знаев што да правам,бев затечена искрено,се чудев дали да и кажам на неа,дали да кажам на маж ми(тогаш дечко) не знаев што е паметно.
На крај после долго мислење и размислување се одлучив да молчам,зошто сфатив дека премногу го сака и дека ако прозборам нема да ми верува туку тој ќе ја убеди во спротивното а јас ќе ја изгубам можеби засекогаш.Така и постапив,а на него му кажав дека ако уште еднаш помисли нешто такво,или еден поглед да ми фрли кој нема да ми се допадне,одма се ќе кажам и никогаш веќе нема да се приближи до неа.Го предупредив да пази што прави понатака и немој случајно да ја повреди.Само ми рече добро и од тогаш и јас и тој се однесуваме како ништо да не се случило и го избришавме тој дел.
Сега се во брак со неа,имаат и детенце,сеуште сме многу блиски а јас дури сум им старосватица.
Затоа добро размисли како ќе изиграш,шансите се големи да е заслепена од љубовта и верувај тебе попрво ќе те исклучи од животот отколку него.
Тој и ја знае секоја слабост,ќе манипулира со неа,ќе игра на емотивна карта,ќе и го сврти умот просто кажано и ќе ја сврти против тебе.
 
Последна промена:

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Човек како старее се опаметува и стално си вели во себе:Ех,да можам да се вратам повторно на тоа време,не би реагирала така,немаше да постапам така и.....Ако ние почнеме да изиграваме прави другарки и се што ке видиме да кажеме,еден куп бракови ке растураме.Сведоци сме на многу тајни врски,јас имам и другари и другарки што имаат тајни врски,но не се замарам со тоа,пријателството не е во тоа туку во нешто сосема друго,но младоста неможе да ви го разбере ова.Мој совет ти е заборави и избриши го тоа од мозок и никогаш да не си извадила на виделеина.Соучесник е нешто друго,и да ти разглабам пак нема да сфатиш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and corki

Многу строго...
Па има проблем девојката разглаби и’ за да разбере...
А и не знаеме која возраст е за да ја третираме како дете нели?
А во што се состои пријателството според тебе?
Јас на пример не би ценела другарка ако знае дека маж ми ме изневерува а никогаш ништо не ми спомнала...Демек за да не ме повреди ме остави да бидам мајмун...
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Па и да ја изгуби другарката големо чудо,ако и била вистинска,како сестра(како што кажа) не би ја отфрлила заради дечкото кој ја праи гуска.

Sent from my GT-I9505 using Tapatalk
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lele-

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,033
9,657
1,683
Normandy
Многу строго...
Па има проблем девојката разглаби и’ за да разбере...
А и не знаеме која возраст е за да ја третираме како дете нели?
А во што се состои пријателството според тебе?
Јас на пример не би ценела другарка ако знае дека маж ми ме изневерува а никогаш ништо не ми спомнала...Демек за да не ме повреди ме остави да бидам мајмун...
Од друга страна, доволни се само неколку слатки зборови од него да те разубеди дека другарка ти „не е во право“. Затоа реков дека разум во љубов никогаш не се бара, но кога би бил на местото на Мистичната, би играл на тоа да и` кажам само на неа. Затоа што она ми е важна, а не типот кој ја изневерува. Тој ако сака нека игра на колку сака свирчиња, она ми е другарка.

Па и да ја изгуби другарката големо чудо,ако и била вистинска,како сестра(како што кажа) не би ја отфрлила заради дечкото кој ја праи гуска.

Sent from my GT-I9505 using Tapatalk
Ова најчесто го викаме постфестум кога веќе личноста ја имаме загубено. Бараме логично размислување, идеме со онаа Coldplay филозофија на The scientist, ама нема... Пак кажав, се` зависи од карактерот на субјектот - изиграната девојка. Мистичната ете ако и` каже, барем се потрудила да спаси нешто. Ако не направи ништо и ако другава дознае дека оваа знаела, ептен ќе биде густо работата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and MoonFairy

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Какви вредности може човек да има каде што оправдува брак каде едниот е неверен на другиот партнер? Зарем мора да се склучи брак по секоја цена во животот? Не е важно дали постои верност и искреност? Не, не, мојот мозок не може ова да го укапира. Не ми се живее на планетава стварно ако така се одвиваат работите. Ако е така тогаш да затвориме очи и пред кражба, убиство, итн. Ако не е наша работа да се мешаме... Па чива работа е особено кога станува збор за личност која ни е драга, ја сакаме и посакуваме се најубаво во животот?

Како што вика Саладин, батали го него. Не е важен тој во моментот, важна е другарка ти. Не само како пријателка, туку според мене имаш општо морална обврска да кажеш што се случува зад нејзин грб, а потоа нејзино е што ќе направи со тоа. На крајот на краиштата, секој е сопствена индивидуа и секој ќе сака да се откачи од искористување. Така да, можеби ќе има разбирање другарка ти.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Многу строго...
Па има проблем девојката разглаби и’ за да разбере...
А и не знаеме која возраст е за да ја третираме како дете нели?
А во што се состои пријателството според тебе?
Јас на пример не би ценела другарка ако знае дека маж ми ме изневерува а никогаш ништо не ми спомнала...Демек за да не ме повреди ме остави да бидам мајмун...
Ајде обратна ситуација да направиме,имаш швалер и другаркати те покрива,ама еден ден ке се налути и ке му каже на мажотти оти ја пече совеста,дали ти и понатака ке се дружиш со неа ?
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,033
9,657
1,683
Normandy
Ајде обратна ситуација да направиме,имаш швалер и другаркати те покрива,ама еден ден ке се налути и ке му каже на мажотти оти ја пече совеста,дали ти и понатака ке се дружиш со неа ?
Тоа е сосема различна ситуација, да не речам диаметрално спротивна од сегашнава.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy