Ако важи онаа 300 луѓе - 300 чуда, истото би требало да важи и за парови. Лично познавам три пара коишто одржуваа врски на далечина во периоди меѓу 1 и 3 години, па денес се во среќни бракови, коишто сè уште траат. И плус уште два пара коишто одат натака, ама не би да прогнозирам, не се знае утрето што носи. Да, зборувам за партнери во различни држави. Ако се има желба да се одржи врската, истата ќе се одржи. Треба да се имаат челични нерви, компромис и доверба, но зарем истото не треба да го има и во врските меѓу партнери од исто место...