Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Вреди да се биде добар за себе. Зашто јас верувам во правдата и дека Господ на крај сепак ги наградува добрите и е праведен и секој си го добива тоа што го заслужува. така да ...
Сите ме знаат како тежок карактер токму ради оваа добрина.Уште од старт ако некоја особа ми се допадне карактерно, ќе направам се’ за истата, ама ако е гад во карактер сум многу незгоден
Не вреди да си добар затоа што ретко кој го цени тоа...ако цело време им правите услуги на тие околу вас тие ќе го земат тоа здраво за готово и дури ќе ви замерат кога ќе ги одбиете за нешто
Во одредени случаи и со одредени луѓе вреди да си добар, меѓутоа не секој знае да ја цени добрина кај некоја личност, многу повеќе се таквите кои колку и да си фин и добар со нив, тие пак со лошо ти враќаат. Мене човек ако еднаш ми згрешил нема втора шанса:bajbaj
Бај, Бај за секогаш. Истото и јас го практикувам од причина што и покрај тоа што простував пак добивав нож во грб. Сега не четири очи отворено, туку милион.. И една грешка-може скапо да кошта..